Интегририрање во НАТО и решавање на македонското статус- кво во однос на членството. Ова се очекувањата на земјава од престојниот самит на Алијансата во Полска во 2016-та година. Иванов за членството очекува поддршка и од полскиот колега Анджеј Дуда.
-
Македонија 09.09.2015 15:03
-
Македонија 09.09.2015 14:47
Еден загинат во сообраќајка на патот Охрид- Струга
Во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу 10 часот се случи на стариот регионален пат Охрид-Струга во близина на Подмоље, животот го загуби 26-годишна жена.
-
Македонија 09.09.2015 14:31
Метео: Утре облачно и врнежливо
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и врнежливо време проследено со ретка појава на грмежи.
На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврне над 30 литри на метар квадратен, особено во западните региони од земјава.
-
Македонија 09.09.2015 13:59
Иванов: Очекуваме напуштање на статус-кво состојбата на претстојниот самит на НАТО
Македонија – полноправна членка на НАТО во 2016-та година. Претседателот Иванов, кој учествува на Форумот на млади лидери во Полска, порача дека земјава го заслужи местото на самитот, кој идната година треба ќе се одржи во Варшава.
-
Македонија 09.09.2015 13:52
1,1 милион евра за поквалитетен воздух
1,1 милион евра од европските претпристапни фондови за контрола на квалитетот на воздухот во Скопје и во Тетово. Овој проект е веќе во фаза на реализација. Воздухот во двата града е најзагаден во земјава, велат надлежните.
-
Македонија 09.09.2015 13:42
Осветени ѕвоната на црквата „Св. Константин и Елена“
Се огласија новите 12 ѕвона на црквата „Св.Константин и Елена“ на улица „Македонија“ во Скопје. Со свечена богослужба, ѕвоната ги освети архиепископот охридски и македонски, Г.Г.Стефан.
-
Македонија 09.09.2015 13:34
Нов трговски и бизнис центар и нова општинска зграда во Ѓорче Петров
Нов модерен бизнис центар, во чиј склоп ќе биде и општинската зграда се гради во Ѓорче Петров. Инвестицијата е јавно- приватно партнерство, чини 30 милиони денари, и треба да биде завршена до април 2017-та.
-
Македонија 09.09.2015 12:31
Бесплатен зимски одмор за 1.000 деца во 2016-та година
Објавен е јавен повик за бесплатниот зимски одмор за децата од семејства од ранливите категории, како и за децата со пречки во развојот. За шест дневно зимување во Крушево можат да се пријават сите дечиња од 5-то до 9-то одделение.
-
Македонија 09.09.2015 12:08
Македонската амбасада во Белград свечено го одбележа Денот на независноста
Амбасадата на Република Македонија во Белград по повод Денот на независноста организира свечен прием на кој присуствуваa околу 500 гости од политичкиот, економскиот и културниот живот на Србија, како и од многубројната македонска заедница.
-
Македонија 09.09.2015 10:46
Иванов: На балканските земји им треба европеизација
Политчката и безбедносната состојба во Европа, кризата со мигрантите и економските проблеми што ја тиштат Старата дама. Ова се дел од темите за кои се дискутираше на панелот на 25 економскиот форум во Круница во Полска.










