Министерството за одбрана го објави јавниот оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија. Пријавувањето трае до 27-ми овој месец.
-
Македонија 14.09.2015 17:36
-
Македонија 14.09.2015 16:34
Прв академски час за идните студенти
На сите факултети во земјава утре ќе биде одржан првиот академски час за идните студенти. На свеченоста ќе присуствуваат и повозрасните колеги. На Филошкиот факултет утре очекуваат околу 500 студенти.
-
Македонија 14.09.2015 16:27
Стипендии од енергетските компании за најдобрите студенти на ФЕИТ
14 студенти на Електро-техничкиот факултет станаа стипендисти на најголемите енергетски компании. Покрај финансиската поддршка во ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, студентите ќе одат и на практична работа со ментори.
-
Македонија 14.09.2015 16:12
Бранот мигранти не стивнува- за еден ден над 6 илјади низ Македонија
Кога во времето на Југославија дошол од Сирија да студира медицина, никогаш не помислил дека еден ден ќе треба да му помага на својот народ на ваков начин. Сириецот Абдула, кој долги години работи како лекар во Црвениот Крст на Македонија, со болка во душата ја преживува оваа бегалска криза.
-
Македонија 14.09.2015 15:15
Месецов почнува имунизацијата со петваленти вакцини
До крајот на месецов педијатрите очекуваа да почне имунизацијата со петвалентна вакцина. Тоа дава простор за воведување на новата вакцина - пнеумококната, што сега е по избор. Во текот на летото ја имаат примено речиси 40 дечиња. 50 други чекаат за вакцинација.
-
Македонија 14.09.2015 15:09
Метео: Топло време во наредните денови
Утре и во наредните денови во Македонија се очекува многу топло време за овој период од годината со температури кои до петок ќе достигнат и до 35 степени.
Не очекува свежо утро со услови за слаба утринска магла по одделни котлини.
-
Македонија 14.09.2015 14:12
Утре почнува новата академска година
Од утре почнува новата академска година. На факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2015/2016 година.
-
Македонија 14.09.2015 13:23
Холокаусотот да биде поттик за соживот
Да се гради соживот, да се надмине нетолерантноста. Холокаустот да биде поттик и лекција. Преку изучување на трагичните настани од минатиот век, младите да не го заборават протерувањето на евреите во Треблинка.
-
Македонија 14.09.2015 12:54
Македонец заработи кривична поради присвојување „Ферари“
Македонец заработи кривична пријава бидејќи си присвоил „Ферари“. Луксузниот автомобил го изнајмил од швајцарска компанија и требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија.
-
Македонија 14.09.2015 12:06
Над 6.000 мигранти низ Македонија за еден ден
За едно деноноќие речиси шест илјади мигранти поминале низ Македонија, покажуваат проценките на УНХЦР и невладиниот сектор.
Со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово кон северната граница се упатиле 1.000 бегалци.









