Почнува втората фаза од проширувањето и реконструкцијата на „Трета Македонска бригада“ во Скопје, во должина од 1.400 метри. На делницата ќе се постави нова атмосферска канализација како и улично осветлување за што градот вложи речиси 102 милиона денари.
-
Македонија 11.09.2015 14:59
-
Македонија 11.09.2015 14:40
Разбиен меѓународен канал за шверц на дрога, уапсени 11 лица
Разбиен меѓународен канал за шверц со дрога при што се уапсени вкупно 11 лица. Полициските акции во текот на вчерашниот ден се извршени во Дебар и во Тетово, а меѓународната полициска операција била во соработка со Министерствата на внатрешни на Србија и на Албанија.
-
Македонија 11.09.2015 13:26
За пониски сметки потребна е енергетска ефикасност
Потребно е владата да продолжи со финансиска поддршка на домаќинствата со ниски приходи кои не се во можност да ги плаќаат сметките за струја, парно греење и за огревно дрво.
-
Македонија 11.09.2015 13:20
Нови обврски за домашните оператори со храна
Од 13-ти ноември сите производители на храна ќе мора да го почитуваат новиот правилник и на производот да наведат задолжителни, дополнителни и доброволни информации.
-
Македонија 11.09.2015 13:05
Попоски за „Фигуело“: Размислуваме за затворање на границата
Во интервјуто за унгарскиот магазин „Фигуело“, министерот за надворешни работи Никола Попоски, изјави дека Владата размислува за физичко затворање на границата, бидејки дневно повеќе илјади мигранти пристигнуваат на јужната граница.
-
Македонија 11.09.2015 12:59
„Монструм“ пред скопска Апелација
Случајот „Монструм“ пред скопска Апелација. Одбраната за осудениците на доживотен затвор бара нивно ослободување. Во образложението на пресудата на скопскиот Кривичен суд беше наведено дека петкратното убиство било монструозно, а осудените биле меѓусебно поврзани.
-
Македонија 11.09.2015 12:32
МВР издаде потврди на 958 мигранти
Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 958 странски државјани.
-
Македонија 11.09.2015 11:31
Исплатени 37,4 милиони денари за млеко на 1.791 сточари
Владата денеска исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточари, соопштуваат од Министерството за финансии.
-
Македонија 11.09.2015 10:52
Од понеделник почнува чистењето на Црна Река
Од понеделник почнува чистењето на Црна Река во должина од 30 километри, најавуваат од Општина Новаци. Чистењето кое вклучува и санирање на 12 пропусти, ќе почне од местото Трој Крсти кај Прилеп, па се до село Брод, кое се наоѓа до самата граница со Грција.
-
Македонија 11.09.2015 10:48
Најмногу дожд во Гевгелија, од утре постепен пораст на температурите
Денеска дожд, утре постабилно и сончево најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќта, во земјава се регистрирани врнежи од дожд, најмногу во Гевгелија, каде се измерени 54 литри воден талог на метар квадратен.










