Во владата се одржува Координативен состанок за решавање на проблемите кои граѓаните ги иницираа на теренските средби со владините тимови, предводени од премиерот Груевски.
-
Македонија 07.09.2015 16:45
-
Македонија 07.09.2015 15:46
Целосно локализиран пожарот во атарите на битолските села Цапари и Ротино
По синоќешната неколкучасовна битка со огнената стихија жителите на подпелистерските села Цапари и Ротино можат барем малку да се опуштат. Пожарот кој беше сериозна закана по нивниот имот окулу полноќ беше ставен под контрола, а неколку часа потоа и целосно локализиран.
-
Македонија 07.09.2015 15:00
Ин-витро оплодување бесплатно за трето и за четврто дете
Не го трошете времето- апел од докторите до брачните двојки кои не можат да имаат дете по природен пат да работат на утврдување на причините. Плодноста е голем проблем во земјава – и затоа сѐ поголем број луѓе се решаваат на биолошки потпомогнато оплодување на сметка на Фондот.
-
Македонија 07.09.2015 14:52
Стартуваше изградбата на новата административна зграда на државното станбено претпријатие
Ќе се гради нова административно-деловна зграда за потребите на АД за стопанисување со станбен и деловен простор. 180 вработени ќе добијат подобри услови за работа.
-
Македонија 07.09.2015 14:37
Надлежните го информираа Иванов за заканите и ризиците со кои се соочува Македонија
Претседателот Иванов на работен состанок со челниците на институциите во системот за национална безбедност.
-
Македонија 07.09.2015 14:33
Метео: Утре сончево и посвежо време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност.
Можен е слаб локален дожд само во утринските часови на југоистокот од земјава.
Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени.
-
Македонија 07.09.2015 13:28
Стартува изградбата на новата зграда на АДСДП
Стартува изградбата на новата административна зграда на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
На поставувањето на камен темелникот присуствува и премиерот Груевски. Новиот објект се гради во близина на Министерството за надворешни работи.
-
Македонија 07.09.2015 13:04
Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа не се појави 4-то обвинетиот Зоран Заев.
-
Македонија 07.09.2015 11:51
125 професионални војници добија решенија за служба во АРМ
125 професионални војници ги добија решенијата. Најголемиот дел од примените ќе бидат ангажирани во специјалните единици. На конкурсот се пријавија над илјада кандидати. Најдобрите беа и на 24-дневен селективен курс на полигонот „Криволак“.
-
Македонија 07.09.2015 11:18
Досега издадени 64.522 потврди за барање азил
За 24 часа од одделот за азил се издадени речиси 2 илјади потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.
И натаму најбројни се мигрантите од Сирија, од Ирак и од Авганистан.










