Претседателот Иванов на работен состанок со челниците на институциите во системот за национална безбедност.
-
Македонија 07.09.2015 14:37
-
Македонија 07.09.2015 14:33
Метео: Утре сончево и посвежо време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност.
Можен е слаб локален дожд само во утринските часови на југоистокот од земјава.
Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени.
-
Македонија 07.09.2015 13:28
Стартува изградбата на новата зграда на АДСДП
Стартува изградбата на новата административна зграда на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
На поставувањето на камен темелникот присуствува и премиерот Груевски. Новиот објект се гради во близина на Министерството за надворешни работи.
-
Македонија 07.09.2015 13:04
Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа не се појави 4-то обвинетиот Зоран Заев.
-
Македонија 07.09.2015 11:51
125 професионални војници добија решенија за служба во АРМ
125 професионални војници ги добија решенијата. Најголемиот дел од примените ќе бидат ангажирани во специјалните единици. На конкурсот се пријавија над илјада кандидати. Најдобрите беа и на 24-дневен селективен курс на полигонот „Криволак“.
-
Македонија 07.09.2015 11:18
Досега издадени 64.522 потврди за барање азил
За 24 часа од одделот за азил се издадени речиси 2 илјади потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.
И натаму најбројни се мигрантите од Сирија, од Ирак и од Авганистан.
-
Македонија 07.09.2015 11:11
По изборите во Грција, не се очекува промена на позиците за името
Нова Демократија или Сириза, Алексис Ципрас или Евангелос Меимаракис ? Иако изборите кај јужниот сосед засега се со крајно неизвесен изход, во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно име, тој се чини ирелевантен.
-
Македонија 07.09.2015 10:36
„Ало докторе“: Регистрирани 1.042 повици за една недела
За една недела се регистрирани илјада и 42 повици на телефонската линија „Ало докторе“. Граѓаните најчесто бараат медицински совет за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и алергиски реакции.
-
Македонија 07.09.2015 10:33
Ново рочиште за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд рочиште за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното беше одложено поради отсуството на Заев.
-
Македонија 07.09.2015 10:25
Расте интересот за системите за наводнување „капка по капка“
Од 44 баратели 36 земјоделци годинава ќе добијат субвенции за системите за наводнување капка по капка.
За оваа опрема за производство на пченка, сончоглед и фуражни култури ќе добијат до 920 илјади, а за бунарите 360 илјади денари.
Вкупната вредност изнесува 6,5 милиони денари.










