Маж и жена од светиниколското село Ерџелија се тешко повредени, откако автомобилот со кој патувале се судрил со воз на пругата во близина на селото Кадрифаково, Штипско.
-
Македонија 04.08.2015 13:29
-
Македонија 04.08.2015 13:12
Повредениот од невремето во Тетовско во добра здравствена состојба
Во добра здравствена состојба е хоспитализираниот жител од Тетовско на Клиничкиот центар во Скопје. Доцна синоќа бил примен со скршеница на подлактицата.
Нема сериозни повреди, велат докторите од одделот за трауматологија.
-
Македонија 04.08.2015 12:24
Расчистен патот Тетово- Попова Шапка
Расчистен е патниот правец Тетово- Попова Шапка. Сообраќајот се одвива нормално во двата правца.
Поради излевање на реката во село Доброште целосно е во прекин регионалниот пат Тетово- Јажинце.
-
Македонија 04.08.2015 11:22
Помош од Скопје за Тетово
Градските власти на главниот град испратија експерти, техничари и механизација во градот под Шара за справување со поплавите.
На располагањето на Тетово му се ставени две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода, три противпожарни возила и пумпи.
-
Македонија 04.08.2015 11:18
На „Ало докторе“ досега 45.330 повици
На телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ од 15 септември кога почна да работи, до 1 август, имало 45.330 повици. -
Македонија 04.08.2015 10:59
Груевски ги посети настраданите во Шипковица
Едното дете мртво го извадиле под урантините, за да го извадат телото на второто помош побараа од интервентните екипи. Премиерот Груевски го посети семејството кое освен куќата, во невремето изгуби и две мали деца.
-
Македонија 04.08.2015 10:26
Владина седница за состојбата со поплавите
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи специјална седница за состојбата со поплавите. -
Македонија 04.08.2015 09:35
Груевски: Ангажирани се сите институции за помош во Тетово
Премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово, откако градот беше зафатен од силно невреме. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. -
Македонија 04.08.2015 09:30
Потврдена смртта на четири лица во Тетовско, едно девојче исчезнато
Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи. -
Македонија 31.07.2015 17:03
Законот за општа управна постапка драстично ќе ја намали бирократијата
Законoт за општа управна постапка има за цел да ја минимизира „бирократијата“, непотребниот формализам и одолговлекувањето на постапките и да ги скрати роковите за донесување на актите. Законот ќе ги намали и административните трошоци. Владата ги објаснува придобивките од законското решение.








