Во добра здравствена состојба е хоспитализираниот жител од Тетовско на Клиничкиот центар во Скопје. Доцна синоќа бил примен со скршеница на подлактицата.
Нема сериозни повреди, велат докторите од одделот за трауматологија.
Во добра здравствена состојба е хоспитализираниот жител од Тетовско на Клиничкиот центар во Скопје. Доцна синоќа бил примен со скршеница на подлактицата.
Нема сериозни повреди, велат докторите од одделот за трауматологија.
Расчистен е патниот правец Тетово- Попова Шапка. Сообраќајот се одвива нормално во двата правца.
Поради излевање на реката во село Доброште целосно е во прекин регионалниот пат Тетово- Јажинце.
Градските власти на главниот град испратија експерти, техничари и механизација во градот под Шара за справување со поплавите.
На располагањето на Тетово му се ставени две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода, три противпожарни возила и пумпи.
Едното дете мртво го извадиле под урантините, за да го извадат телото на второто помош побараа од интервентните екипи. Премиерот Груевски го посети семејството кое освен куќата, во невремето изгуби и две мали деца.
Законoт за општа управна постапка има за цел да ја минимизира „бирократијата“, непотребниот формализам и одолговлекувањето на постапките и да ги скрати роковите за донесување на актите. Законот ќе ги намали и административните трошоци. Владата ги објаснува придобивките од законското решение.
„Кризата креирана од опозицијата негативно влијаеше врз одлуката на инвеститорите да отвораат фабрики во Македонија.