„Кризата креирана од опозицијата негативно влијаеше врз одлуката на инвеститорите да отвораат фабрики во Македонија.
-
Македонија 31.07.2015 16:51
-
Македонија 31.07.2015 16:13
Топлото време удри и по земјоделските приноси
Горештините - топлотен стрес и за земјоделските култури. Високите температури и недостигот од поголем дожд доведоа до суша. Ќе го загрозат и квалитетот на родот. Агрометеоролозите велат на удар се пролетните и градинарските култури, и младите насади.
-
Македонија 31.07.2015 16:05
Нов оглас за средства од ИПАРД
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе го објави годинашниот втор јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата.Огласот ќе трае до 15 септември годинава. -
Македонија 31.07.2015 15:20
Станоиздавачаите во Охрид се соочуваат со проблеми во шпицот на сезоната
Околу 420 станоиздавачи од колективните стамбени објекти во Охрид во шпицот на туристичката сезона не можат да ги продолжат или да добијат нови решенија за издавање на становите.
-
Македонија 31.07.2015 14:50
Метео: Сончево и топло за празничниот викенд
За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и ретки грмежи.
Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник.
-
Македонија 31.07.2015 14:26
Почина Џон Битов- постариот
Почина Џон Битов- постариот, еден од најбогатите македонци преку океанот. Битов е роден во Торонто, во 1928 година, беше на чело на голема канадска корпорација за храна со 1.200 вработени и важеше за голем филантроп.
-
Македонија 31.07.2015 13:48
Ќе се гради нова жичница на Попова Шапка
Ќе се гради нова шестседна жичница на Попова Шапка. Градежните работи ќе започнат наскоро.
Изведувач на градежните работи е италијанска компанија. Информација за капиталниот проект вреден 30 милиони евра стигна во форма на одговор на пратеничко прашање во Собранието.
-
Македонија 31.07.2015 13:47
Скопје ќе добие зграда по теркот на њујоршката „Flatiron“
Годишно во Скопје се градат по 3.000 нови станови. Побарувачка има- велат градежниците. По теркот на европските и светски метрополи, изградбата на висококатници станда тренд во Скопје.
-
Македонија 31.07.2015 13:34
Савовски: Македонија ги вложува сите ресурси за справување со бранот на илегални мигранти
Македонија е транзитна земја за мигрантите кон државите на Европската унија, но ги вложува сите материјални и човечки ресурси за справување со оваа миграција.
-
Македонија 31.07.2015 13:23
Благ пад на температурите
Благ пад на темепературите најавија синоптичарите по тропските горештини во Македонија. Сончеви периоди со краткотрајни дождови наместа и грмежи.
Но, препораките за заштита од високите температури и високиот УВ – индекс продолжуваат да важат.










