Собранието денеска ќе заседава пленарно, а на седницата пратениците ќе расправаат за повеќе измени на закони, меѓу кои и измените на законите за минимална плата во скратена постапка како и изменување на законот за осигурување во случај на невработеност.
-
Македонија 30.07.2015 10:05
-
Македонија 30.07.2015 08:51
Македонија во портокалова фаза, температури до 42 степени и УВ индекс 9
Пеколно жешко во земјава. Температурите не попуштаат. Во три региони прогласена портокалова тревога. Владата донесе дополнителни препораки со кои се ослободуваат од работните обврски лицата кои работат со скратено работно време, поради здравствени причини.
-
Македонија 29.07.2015 17:33
Убиство во Козлe: Полицијата трага по убиецот, повеќемина ставени на полиграф
Сеуште трае истарагата за вчерашното убиство на 29 годишниот Самит и неговата 52 годишна мајка од Бурса. Се утврдуваат деталите. Според првичните информации, убиството било професионално изведено, со пригушувач.
-
Македонија 29.07.2015 16:26
Субвенции за истражувачите, интензивна модернизација на училиштата
Продолжува доделувањето на научни субвенции на домашни автори. До први август трае огласот за финансиската поддршка од државата во износ од 30.000 денари за научен труд изработен лани. Од 2012-та па досега 600 научници добиле субвенција за објавен труд во меѓународно списание со импакт фактор.
-
Македонија 29.07.2015 16:21
Се укинува законот за хонорарци
Се укинува законот за задолжително плаќање придонеси за хонорарците. На синоќешната владина седница, донесена е одлука – сите оние кои заработуваат по основ на авторски договор или хонорар од први август да не плаќаат придонеси за здравствено и за пензиско осигурување.
-
Македонија 29.07.2015 15:24
Исчезнатата охриѓанка пронајдена како плива во езерото
Припадниците на охридската Езерска полиција претпладнето околу десет часот во водите на Охридското Езеро го пронајдоа женското лице кое што синоќа околу еден часот беше пријавено за исчезнато.
-
Македонија 29.07.2015 15:14
Мерки: Обуки за плетење и везење за невработените
Фустани, модни детали, постелнини, перници, невработени ќе учат плетење и везење. Преку мерката „Моќта на дизајнот и занаетот“ – можност, жените активни баратели на работа да се стекнат со вештини, да дојдат до работно место.
-
Македонија 29.07.2015 15:11
Топлотен бран: Горешните ризик и за возачите
Жешкиот асфалт и високата температури проблем и за возачите. Поради намалена концентрација, зачестија сообраќајните несреки во Скопје. Главоболки, вртоглавици. Освен алкохолот и брзото возење топлото време уште еден фактор за нарушена безбедност.
-
Македонија 29.07.2015 14:20
МВР вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил
Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
-
Македонија 29.07.2015 14:18
Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1-ви август
Од 1-ви август 2015-та година се укинуваат придонесите за хонорарците. Ваквото решение предложила Владата откако анализите покажале дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе ги исцрпеа ефектите што се сакаа да се постигнат.










