Посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на Македонија се наоѓа во фокусот на грчките медиуми. Речиси сите информираат дека двете држави разговарале за единаесет мерки за градење доверба, пренесувајќи ја при тоа изјавата на Коѕиас дека довербата може да помести граници.
-
Македонија 25.06.2015 16:28
-
Македонија 25.06.2015 15:45
Промовирана втората Национална стратегија за безбедност на патиштата
Бројот на жртви во сообраќајни несреќи до 2020-та значително да се намали за 30 проценти, повредени за 40, бројот на деца- жртви да се сведе на нула. Ова е главната стратешка цел на Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на патиштата 2015-та 2020-та.
-
Македонија 25.06.2015 15:01
Јавна дебата за Законот за азил
Службите на МВР ги регистрираат првите барања за азил, но не прецизираат точен број. Од таму велат дека не се пријавени несреќни случаи на загинати или нападнати мигранти, а нема ниту забелешки од невладиниот сектор.
-
Македонија 25.06.2015 14:55
Заплови 17-тата Вардарска регата „Гемиџии“
Стотина учесници на 14 пловни објекти меѓу кои е и репликата на славната велешка гемија, четири дена пловејќи по Вардар ќе ја зaжвеат старата традиција, кога со дрвени гемии се одело на трговија во Солун.
-
Македонија 25.06.2015 13:11
Донација за Центарот за деца со аутизам
Хумнаноста се покажува на дело. Донација за центарот за деца со аутизам,во кој се згрижени 15 штитеници. Компанијата за изработка и производство на мебел Технокооп, успешно ја заврши донаторска акција и го опреми Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје.
-
Македонија 25.06.2015 12:52
Истекува рокот за подигнување на ваучерите за таблет компјутери за студентите
Денеска истекува рокот за подигнување на ваучерите за таблет компјутери со тастатура за студентите. Од 7.290 студенти кои се пријавија на конкурсот, 5.273 ги исполнувале условите.
-
Македонија 25.06.2015 11:55
Просечна оценка на екстерното тестирање 3,26
Државниот испитен центар ги објави резултатите од екстерното тестирање, спроведено од 2 до 10 јуни. Просечната оценка изнесува 3,26, нешто пониска од лани кога изнесуваше 3,6.
-
Македонија 25.06.2015 11:51
Премиерот Груевски на самит на Европската народна партија во Брисел
Премиерот Груевски во Брисел ќе учествува на редовниот самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.
-
Македонија 25.06.2015 11:41
Јолевски: Поддршка од Канада за членство на Македонија во НАТО
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, учествува на состанокот на Североатлантскиот совет на НАТО на ниво на Министри за одбрана од земјите што учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.
-
Македонија 25.06.2015 11:14
Субвенции и за должниците кон Министерството за земјоделство
Доколку субвенцијата е недоволна, одбивањето на долговите ќе се врши по одреден редослед.
Прво ќе се наплатува закупнина за државното земјиште, потоа за јапонската помош, и надоместок за користење на вода и пасишта.










