Нови пет авионски линии за директно поврзување со европските центри. Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрих-Шафен се новите дестинации до кои од утре ќе почне да лета нискобуџетната „Виз-ер“ од скопскиот аеродром „Александар Велики“.
-
Македонија 29.06.2015 10:36
-
Македонија 29.06.2015 10:27
Берово на мапата на странските туристи
Онаму кадешто реката Брегалница навлегува во малешевската котлина на самото нејзино грло од свете страни е распространет градот Берово.
-
Македонија 29.06.2015 10:14
Почнува електронското поднесување барања за субвенции
На почетокот на јули ќе се објави повик за поднесување електронско барање за субвенционирање инвестиции за модернизација на земјоделството од Програмата за рурален развој.
Сите заинтересирани треба навреме да ги ажурираат податоците запишани во регистарот на земјоделски стопанства.
-
Македонија 29.06.2015 10:00
Нова лидерска средба за надминување на политичката криза
Нова лидерска средба за доближување на ставовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за надминување на политичката криза.
На средбата ќе учествуваат и лидерите на ДУИ и на ДПА, а се очекува и присуството на аmериканскиот и европскиот амбасадор, Бејли и Орав.
-
Македонија 26.06.2015 17:16
Со субвенции се решава проблемот со вишокот домати
Владата го решава проблемот со вишокот домати. Со 6,5 денари по килограм ќе се субвенционираат земјоделците кои ќе ги предаваат презреаните домати во преработувачките капацитети. Оваа привремена мерка ќе важи до 15-ти јули и буџетот ќе го чини околу 70 илјади евра.
-
Македонија 26.06.2015 17:12
Груевски за „Фајненшал тајмс“: Подготвени сме да прифатиме голем дел од идеите за да се зголеми довербата на опозицијата
Граѓаните на избори решаваат кој ќе биде на власт, а кој во опозиција. Премиерот Груевски за „Фајненшл тајмс“ вели дека нема да поднесе оставка. Покажува подготвеност за прифаќање на идеи на опозицијата.
-
Македонија 26.06.2015 17:04
Бизнис- форум: Инвестициските можности претставени во Париз
Презентирање на можностите за инвестирање и за правење бизнис во Македонија, поврзување на успешните домашни компании со потенцијални партнери од странство, развој на домашното стопанство – ова е целта на бизнис форумот што попладнево се одржува во Париз, во организација на „Македонија 2025“.
-
Македонија 26.06.2015 16:56
Со новите реформи ќе се надминуваат предизвиците од извештајот на Стејт-департментот
Владеењето на правото, судството, медиумите, дискриминацијата – области во кои за Македонија, Стејт-департментот има забелелешки. „Предизвиците за човековите права ќе бидат надминати преку реформите за европските интеграции“ вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. -
Македонија 26.06.2015 16:06
Летните попусти ги наполнија книжарниците
Книгата и летото се совршенa двојка за незаборавна летна приказна. Книгите можат да не одведат на места за кои не сме знаеле дека постојат, а секоја нова страница, искра која се претвора во некоја нова идеја, велат читателите.
-
Македонија 26.06.2015 15:58
Нова метода на Клиниката за неврохирургија
55 - годишен пациент со аномалија на крвните садови на мозокот со нова метода e успешно опериран на Клиниката за неврохирургија. Преку крвните садови се доаѓа до затнатите мозочни артерии без отворање на черепот. Тимот на клиниката работи со помош на колегите од Словенија.










