Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер.
Попладне се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни со појава на грмежи.
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер.
Попладне се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни со појава на грмежи.
Секторот за внатрешни работи - Велес поднесе кривична пријава против службени и одговорни лица во „Велеспром“ за злоупотреби на овластувања.
Нова мерка за вработување објави Министерството за труд и социјална политика- субвенционирано вработување на лица во социјален ризик.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Предвидени се и разговари со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и и со премиерот Груевски, соопштија од грчкото МНР.
Втор ден од уписите за средно образование. Реномираните гимназии веќе со пополнети квоти, место повеќе се бара во средното медицинско училиште, а атрактивни се и правната и економската струка.
Политичките партии да го имплементираат договорот од 2-ри јуни, особено во делот на исполнувањето на реформите што ќе ја вратат довербата во институциите, заеднички став на министрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург.
Полицијата и граѓаните не се два спротивставени концепти. Напротив, грижата за човекот, за граѓанинот за МВР е на прво место.
Расте бројот на претставки за нарушување на приватноста во Македонија. Најмногу злоупотреби има на социјалните мрежи. За пет години бројот на претставките се зголемил за четири пати. Лани имало речиси 400 поплаки.
Во Стразбур започна со работа летнатасесија на ПССЕ, на која учествува и делегација на Собранието на Република Македонија предводена од Александар Николоски, во која се наоѓаат уште и Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев.
Да се изнајдат начини за заедничка набавка на вакцини и лекови од сите здравствени фондови во регионот, со што ќе се придонесе кон намалување на цените и пренамена на средствата кон други важни потреби-беше главната поента од трилатералната средба на министрите за здравство на Македонија, Србија