Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови од земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови од земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите матуранти да не управуваат со возила на матурската вечер.
Се дефинираат минималните технички услови што треба да ги исполнат фирмите и физичките лица за отворање автоплацеви за увоз и трговија со употребувани моторни возила.
Неколку десетици демонстранти втора вечер по ред се во Кампот пред зградата на владата откако решија да останат во шатори по завршувањето на неделниот протест што го предводеше опозициската СДСМ. Велат дека ќе останат таму се додека премиерот Груевски не поднесе оставка.
Пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ доктори по општа семејна медицина заедно со студенти од Медицинскиот факултет на граѓаните им мерат крвен притисок, холестерол и триглицериди во крвта, а истовремено им даваат и соодветни медицински препораки и совети.
„Заев нема да биде премиер на Македонија, порача Груевски пред 90 илјади собрани на митингот“ – ова се главните наслови на некои странски медиуми. „Македонија повторно на нозе – по фијаското на опозицијата, митинг на владејачката партија во Скопје“ - пишува српски „Телеграф“.
Рокот за поднесување на апликациите е до 31-ви мај. Барањата се доставуваат во подрачната единица на Министерството, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Имаме блиски консултации со македонската Влада и политичките лидери во Македонија за да им ја пренесеме загриженоста за актуелната политичка криза, изјави портпаролот на Стејт Департментот Џеф Ратке на редовниот брифинг во Вашингтон.
Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Стразбур ќе разговараат со пратеници во Европскиот Парламент, како и со претставници на Европската Комисија. Најавено е тие да имаат средба и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.