Средбата меѓу лидерите на двете најголеми макeдонски политички партии Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев на СДСМ, според информациите со кои располагаме ќе се случи вечерва после 18 часот.
-
Македонија 19.05.2015 17:13
-
Македонија 19.05.2015 17:07
Незадоволни струмичани поставија шатори пред Општина Струмица
Оставка и повлекување од политичка функција на градоначалникот Зоран Заев бараат незадоволни струмичани кои изутрината поставија шатори во малиот градски парк спроти општина Струмица.
-
Македонија 19.05.2015 15:54
„Семеен лекар- за здраво семејство“: Граѓаните задоволни од своите матични лекари
До шестата деценија, дури ни земањето на терапијата не се смета за обврска. Младите немаат време за рутински контроли, но затоа граѓаните од третата доба редовно ја проверуваат здравствената состојба, покажува искуството на семејните лекари, а и нашата анкета снимена во центарот на Скопје.
-
Македонија 19.05.2015 15:04
Орав: Политички дијалог за исполнување на ЕУ агендата
Меѓународната заедница бара ефикасен политички дијалог и разрешница на кризата во земјава. Евроамбасадорот Аиво Орав ги поздравува напорите на 4-те најголеми политички партии за изнаоѓање решение, бидејќи како што вели, тоа е единствениот пат кон Европската Унија.
-
Македонија 19.05.2015 14:56
Метео
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во источните делови од земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 19.05.2015 14:05
РСБСП со апел до матурантите да не возат на матурската вечер
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите матуранти да не управуваат со возила на матурската вечер.
-
Македонија 19.05.2015 13:24
Се дефинираат условите за отворање автоплацеви
Се дефинираат минималните технички услови што треба да ги исполнат фирмите и физичките лица за отворање автоплацеви за увоз и трговија со употребувани моторни возила.
-
Македонија 19.05.2015 13:22
Десетици демонстранти втора вечер кампуваат пред Владата, група граѓани поставија шатори пред Собранието
Неколку десетици демонстранти втора вечер по ред се во Кампот пред зградата на владата откако решија да останат во шатори по завршувањето на неделниот протест што го предводеше опозициската СДСМ. Велат дека ќе останат таму се додека премиерот Груевски не поднесе оставка.
-
Македонија 19.05.2015 13:17
Светски ден на семејните лекари
Пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ доктори по општа семејна медицина заедно со студенти од Медицинскиот факултет на граѓаните им мерат крвен притисок, холестерол и триглицериди во крвта, а истовремено им даваат и соодветни медицински препораки и совети.
-
Македонија 19.05.2015 12:24
Регионалните медиуми за масовниот митинг на владејачката партија
„Заев нема да биде премиер на Македонија, порача Груевски пред 90 илјади собрани на митингот“ – ова се главните наслови на некои странски медиуми. „Македонија повторно на нозе – по фијаското на опозицијата, митинг на владејачката партија во Скопје“ - пишува српски „Телеграф“.










