Македонија е на агендата на денешниот Совет за надворешни работи што се одржува во Брисел. Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата ќе дискутираат за последните случувања во држвата со цел да дојдат до заедничка одлука за мерките кои ќе ги преземат.
-
Македонија 18.05.2015 16:55
-
Македонија 18.05.2015 16:53
Последни подготовки за вечерашниот собир под мотото „Македонија силна!“
Се е подготвено за вечерашниот народен собир кој го организира владеачката ВМРО- ДПМНЕ. На овој собир се очекува голема масовност на граѓаните од целата држава, а ќе се одвива под мотото „Македонија силна“. Бината е веќе наместена, на неа ќе се качат и ќе зборуваат неколку говорници.
-
Македонија 18.05.2015 16:46
Десетици граѓани остануваат пред зградата на Владата
Неколку десетици граѓани и активисти го пиеја утринското кафе и појадуваа во кампот пред зградата на Владата, откако одлучија во шатори да ја поминат ноќта по завршувањето на вчерашните антивладини протести кои ги предводеше опозициската партија СДСМ.
-
Македонија 18.05.2015 16:25
Нова лидерска средба на 26-ти мај
Во Клубот на пратеници заврши втората средба на лидерите на четирите најголеми партии за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјава. -
Македонија 18.05.2015 16:19
Напредок во евроатлантските интеграции за поголема сигурност и безбедност
Долгогодишниот статус-кво создава простор за најразлични облици за дестабилизација и затоа е потребно итно да се изнајдат начини да и се овозможи напредок на Македонија во евроатлантските интеграции.
-
Македонија 18.05.2015 14:31
Метео
Сончевото време во Македонија продолжува и утре проследено со мала до умерена локална облачност.
Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со на места пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 18.05.2015 14:28
Почна втората лидерска средба
Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна втората средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.
-
Македонија 18.05.2015 13:38
Вељаноски: Долгогодишниот статус-кво во евроатланските интеграции создава простор за дестабилизација
Дологодишниот статус-кво создава простор за најразлични обиди за дестабилизација и затоа е потребно итно да се изнајдат начини да и се овозможи напредок на Македонија во евроатлантските интеграции.
-
Македонија 18.05.2015 13:14
Столтенберг: Најважно е да се избегне ескалација на кризата
Најважно е да се избегне ескалација на кризата и конфликтот во Македонија. Пред почетокот на состанокот на Советот на Европската унија, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја нарече нашата земја со уставното име, избегнувајќи ја долгата референца.
-
Македонија 18.05.2015 13:04
Членови и симпатизери на опозициската СДСМ, ноќта ја минаа пред Владата
Членови и симпатизери на опозицискиот СДСМ ноќта ја поминаа пред Владата. По вчерашниот протест најавија дека ќе кампуваат пред Владата се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.










