-
Македонија 03.04.2015 10:02
Земјотреси ги вознемирија жителите во Дебарско
Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот, пренесува МИА. -
Македонија 03.04.2015 08:54
Забрана за камиони на Стража и Маврово-Дебар
Поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар и на планинскиот премин Стража.Сообраќајот на другите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. -
Македонија 03.04.2015 08:51
Претседателот Иванов на средба со македонската заедница во Пустец
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја продолжува дводневната официјална посета на Албанија со средба со македонската заедница во општина Пустец и со градоначалникот Едмонд Темелко. Ова е прва посета на Пустец на највисоко државно ниво, од претседател на Македонија. -
Македонија 02.04.2015 18:24
МВР ќе поднесе кривична пријава за оддавање државна тајна
МВР работи на изготвување нова кривична пријава против четвртоосомничениот во случајот „Пуч“ и за коруптивното кривично дело поткуп. За делото оддавање државна тајна е пропишана затворска казна и до 10 години.
-
Македонија 02.04.2015 17:30
Безбедност: Објавените аудио- снимки на СДСМ ја минаа границата
„По вчерашната таканаречена бомба не станува збор веќе за човечки судбини, меѓуетнички односи, партиски расправии туку за нешто многу посуштествено со кое опозицијата сака да и нанесе штета на државата“ - ова е ставот на универзитетскиот професор Ненад Таневски за објавениот телефонски разговор,
-
Македонија 02.04.2015 17:23
Проектот „Наш специјалист“ стартува во Берово и Валандово
Секоја сабота, почнувајки од 4-ти април пациентите во Здраствениот дом во Берово ќе добиваат специјалистички прегледи од областа на ортопедија и неврологија од лекари од скопските клиники. Валандовчани, пак, секоја сабота ќе се прегледуваат кај специјалист невролог во сопствениот град.
-
Македонија 02.04.2015 17:04
Унијата на средношколци со претставки до Народниот правобранител и до Меѓаши
Унијата на средношколци поднесе претставка до Народниот правобранител и Меѓаши за да се заштитат правата на учениците, за кои како што тврдат се манипулирани и злоупотребени за остварување на политички цели.
-
Македонија 02.04.2015 17:01
СДСМ во Куманово објави нови аудиоматеријали
СДСМ објави прислушкувани разговори за кои тврди дека се однесуваат на неправилности на локалните избори во Куманово. Претседателот на Општинската организација Мартин Костовски вели дека во материјалите се гласовите на високи владини функционери.
-
Македонија 02.04.2015 16:12
Штетите од поплавите изнесуваат вкупно 25 милиони евра
25 милиони евра е вкупната штета од поплавите во Македонија. Министерот за земјоделство, Михаил Цветков посочи дека владината комисија пресметала дека најпогодени се земјоделците со 13,5 милиони евра.
-
Македонија 02.04.2015 16:05
Иванов- Нишани: Европската иднина нѐ обединува
Македонија и Албанија имаат одлични политички односи, но тоа не е тренд на полето на економијата. Заложбите на двајцата претседатели ќе бидат за поголема трговска размена, инфраструктурни поврзувања и за предусловите за блгосостојба на граѓаните чии земји се стремат кон европското семејство.










