-
Македонија 01.04.2015 11:09
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица
Управителот на скопската фирма „Хардекс трејд“ и уште еден лице заработија кривични пријави под сомнение дека фалсификувале и уништиле деловни книги, соопштуваат од Финансиската полиција. -
Македонија 01.04.2015 11:02
Обновен возниот парк на комуналното претпријатие во Дојран
Две нови возила за комуналното претпријатие „Полин“ од Дојран. Камионот за собирање смет и градежната машина за расчистување отпад ги набави локалната власт. Комуналните работници ќе може подобро и пофункционално да одговорат на задачите, истакнаа надлежните.
-
Македонија 01.04.2015 10:59
Средства од ИПАРД за лозарите и овоштарите
Лозарите и овоштарите со европски пари можат да постават систем за наводнување, обновливи извори на енергија и заштитни мрежи.
Во овоштарството можат да добијат пари за пакување, складирање и простории за вработените.
-
Македонија 01.04.2015 10:50
На патот Удово-Валандово сообраќајот по една лента
Поради надоаѓање на поголема количина на вода од Kалковска река, на патниот правец Удово-Валандово на клучката кај селото Mиравци, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.
-
Македонија 01.04.2015 09:23
Повеќе манифестации за одбележување на Светскиот ден на шегата
Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош" денеска пред „Порта Македонија“ од 11 часот ќе организираат целодневна манифестација „Априлијада 2015“. -
Македонија 01.04.2015 09:05
Свеченост на Првата механизирана пешадиска бригада
Првата механизирана пешадиска бригада, најголемата борбена единица на АРМ, ја одбележува годишнината од формирањето.
На свеченоста во гарнизотот Петровец ќе присуствуваат министерот за одбрана Јолевски и началникот на Генералштабот генерал-потполковник Котески.
-
Македонија 31.03.2015 17:48
Реакции: ЕУ за бугарскиот однос кон малцинствата
Европската слободна алијанса (ЕСА) преку својот европратеник Жорди Себастиа, го отвори ова прашање уште еднаш во Европскиот парламент, барајќи од Европската комисија да преземе мерки и да се прекине дискриминаторската политика на Бугарија.
-
Македонија 31.03.2015 17:35
Аналитичари: Сценарија за дестабилизација
„Подготвени се на се, само насилно да ја урнат власта“ - аналитичарите коментираат за последните повици на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов за обединување на Македонците и на Албанците против, како што вели, криминалците. -
Македонија 31.03.2015 16:59
Математиката нема да е задолжителна во државната матура
Математиката нема да биде задолжителна во државната матура. Ќе ја полагаат само гимназијалците коишто се одлучиле да се запишат на природно математичките насоки. По долга дебата Министерството за образование и Унијата на средношколци на денешната средба постигнаа договор.
-
Македонија 31.03.2015 16:53
Неделкова: Судиите имаат капацитети да се справат со сите предизвици
Првата судијка во земјава, Лидија Неделкова, ги уверува граѓаните дека судиите имаат капаците да се справат со сите предизвици.








