Силен ветер урна дел од покрив на улица во центарот на Куманово. Покривот падна од зграда лоцирана во близина на кружен тек.
Повредени нема, потврди кумановската полиција, чии екипи го регулираа сообраќајот.
Силен ветер урна дел од покрив на улица во центарот на Куманово. Покривот падна од зграда лоцирана во близина на кружен тек.
Повредени нема, потврди кумановската полиција, чии екипи го регулираа сообраќајот.
Во новата година ќе влезат без покрив над главата и без целиот род од еден тон тутун. Осумчленото семејство Благадушески од кривогаштанското село Воѓани за еден час на 16 декември во пламенот загуби сè. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините.
Со поддршка на УНДП домаќинствата во Струмица ќе имаат можност да инвестираат во енергетско ефикасни и еколошки решенија во своите домови што ќе придонесе за намалување на аерозагаденоста. Станува збор за грантови за зелена енергија преку финансиски институции во земјава кажаа од УНДП.
Новогодишните прослави повторно го попречуваат мирот и сонот на граѓаните. Кумановци се жалат на прегласна музика од угостителските објекти. Забавите траат до доцните часови. Реагираат до надлежните но долгорочно решение нема.
„Зборуе Радио Скопје“ - 81 година откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Мак
Утрото ведро и студено, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Двајцата инспектори од кочанското УЈП осомничени во последната истрага за случајот „Пулс“ излегоа од дом
Стоп за законите „на брза лента“. Од наредната година, Собранието најавува крај за скратените постапки и повеќе простор за јавноста и експертите да кажат што мислат пред законите да стигнат на гласање.
Разочарување од одлуките на актуелното раководство на СДСМ за исклучување од неговата матична партија го оставила „целосно без зборови и коментар“, вели Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на социјалдемократите.
Зголемена фреквенцијата на возила низ градовите, но и промет во трговската мрежа. Значаен дел од печалбарите се вратија дома за празниците. Нивното присуство последниве денови го заживеа градот. На најфреквентниот граничен премин Табановце регистрираат поголем влез на домашни државјани.