Бела не е обично куче. Полициски лабрадор, специјализиран за откривање експлозиви. Постојано е во тренинг форма. За него се грижи неговиот водич. Во единицата за службени кучиња, покрај лабрадори има и белгиски и германски овчари и шарпланинци.
-
Македонија 05.07.2014 16:58
-
Македонија 05.07.2014 16:43
Со „Made in Macedonia“ Веибо ќе го освојува европскиот пазар
Со кинески дизајн и технологија, производи со ознака „Made in Macedonia“ ќе го освојувааат европскиот пазар. „Веибо“ групата планира изградба на цела текстилна зона со 5.000 вработени, која ќе работи исклучиво за извоз.
-
Македонија 05.07.2014 16:35
Во центарот на Охрид осветено спомен обележјето „Фаќач на крст“
Денеска беше осветено спомен-обележјето посветено на големиот православен празник Богојавление Водици-„Фаќач на крст“, кое е поставено на охридското градско пристаниште.
-
Македонија 05.07.2014 16:18
Помали протести и денеска против судската пресуда за „Монструм“
Втор ден од протестите против судската пресуда за случајот Монструм.
Помала група, пред се малолетни демонстранти попладнево се судрија со полицијата пред зградата на општина Чаир кадешто го манифестираа незадоволството од доживотните затворски казни.
-
Македонија 05.07.2014 13:19
Предбрачните договори ретка појава во Македонија
Предбрачниот договор на запад е практична мерка која ги спречува расправиите доколку дојде до развод, кај нас пак тоа е се уште табу тема. Најголема пречка е менталитетот, односно што ќе каже на тоа народот, пријателите, средината.
-
Македонија 05.07.2014 10:47
Удавено момче во Охридско езеро, полицијата бара помош за идентификација
Безживотно машко тело утрото околу 7 часот и 20 минути е забележано во водите на Охридското езеро.
-
Македонија 05.07.2014 10:32
Заедничка работилница на млади од Македонија и од Грција
Како со заеднички напори да се надминат проблемите со кои што се среќаваат младите од Македонија и од Грција, а пред се да се справат со невработеноста е целта на заедничката тренинг работилница во Струга на која учествуваат 25 млади од двете земји. -
Македонија 04.07.2014 17:27
Судир на полицијата и демонстрантите за случајот „Монструм“
Иако најавуван како мирен, ескалираше протестот против судската одлука шестемина обвинети за тероризам да останат доживотно во затвор. По пладневната молитва во Јајапашината џамија, група пред се млади демонстранти од Чаирчанка појдоа пред судот.
-
Македонија 04.07.2014 17:19
Не стивнуваат реакциите по изјавата на Самарас во Стразбур
Најмалку е добро да се поттикнува нетолерантност кон разликите преку манипулирачки изјави за непризнавање на посебноста на државата, етникумите, јазиците и идентитетот.
-
Македонија 04.07.2014 16:39
Спреј наместо мастило: Иницијативата на Каракамишива на Уставен суд
Анализата што ја направила професорката Каракамишева покажала дека граѓаните биле дискриминирани, а нивното достоинство и човековите права и слободи погазени. Според неа, ова е тест за македонската демократија бидејќи со фломастерот гласањето веќе не е тајно.










