До 13 часот, според информациите од Општинските изборни комисии, своето право на глас го исполниле околу 30 отсто од вкупно 162.403 евидентирани гласачи.
-
Македонија 13.04.2014 15:45
-
Македонија 13.04.2014 15:38
Во Струмица, Гевгелија, Дојран и Валандово гласањето тече мирно
До 13 часот излезноста на гласачите во Струмица изнесувала 39,6, во Гевгелија 36,7, во Дојран 30,12, во Валандово 30% проценти. Од општинските изборни комисии велат дека досега гласањето тече мирно во фер и демократска атмосфера.
-
Македонија 13.04.2014 15:29
Струга гласа во фер и демократска атмосфера
Во Струга беа отворени вкупно 101 гласачко место каде право на глас имаат 57,983 во општина Струга. До 13 часот излезноста во општина Струга на дел од избирачките места беше околу 11%.
-
Македонија 13.04.2014 15:21
На половина од изборниов ден излезноста во пелагонискиот регион задоволува
„На гласачкото место 119/ 1 запишани се 596 гласачи до 13 часот гласаа 279 избирачи или 46 посто од вкупно запишаните. Тоа е одлично во споредба со минатите избори“, рече заменик председателот на овој избирачки одбор Зорица Можамачковска
-
Македонија 13.04.2014 15:01
Надлежности на претседателот на РМ
Претседателот го определува мандаторот за состав на Владата, ги поставува и отповикува со указ амбасадорите, ги прима и акредитивните писма на странските дипломатски претставници.
-
Македонија 13.04.2014 14:21
Во Тетово гласањето тече во најдобар ред
Подобрување на животниот стандард, остварување на ветувањата, работа за младите... Ова се дел од очекувањата на тетовци од овие избори.
-
Македонија 13.04.2014 14:12
51 157 охриѓани денеска ќе бираат претседател на Македонија
До 10 часот за еден од четворицата кандидати на овие петти претседателски избори гласале 11,77 проценти од вкупно 51 157 граѓани запишани во избирачкиот список.
-
Македонија 13.04.2014 13:56
85 203 кумановчани денеска ќе го остварат своето право на глас
Сите избирачки места се отворени навремени , а гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера информираат од избирачките одбори.
-
Македонија 13.04.2014 13:50
Во Тиквешијата изборниот ден минува во демократска атмосфера
Во Кавадарци според единствениот избирачки список со право на глас евидентирани се 32 281 лице.
-
Македонија 13.04.2014 13:32
Во Струмица денеска ќе избираат 48 215 граѓани
Тука право на глас имаат 48 илјади 215 граѓани. Утринава навреме биле отворени гласачките места, тврдат од Општинската изборна комисија. Според нивните податоци, до 10 часот излезноста била 10,8 проценти.
