Марит Бјерген предводеше троен триумф на Норвежанките во последната женска крос-кантри дисциплина во Сочи, маратонот на 30 километри слободен стил. Третото злато на овие Игри таа го освои откако во финишот за две и пол секунди и побегна на Терезе Јохауг.
Останати спортови
Блог вести
-
Останати спортови 22.02.2014 12:59
-
Останати спортови 21.02.2014 21:30
Канада одново ги расплака САД, Шведска го доби скандинавското полуфинале
Само 24 часа по трилер финалната разврска на женските репрезентации, хокеарите на Канада одново ја расплакаа Америка.
-
Останати спортови 21.02.2014 19:55
Прво штафетно злато за Украина
А успехот е историски, прво злато и прв медал за штафетата на 4 пати по 6 километри на зимските игри и воопшто прв златен медал за Украина во Олимписко Сочи, а на пиедесталот, за прв пат и две сестри близначки Вита и Ваљ Семеренко.
-
Останати спортови 21.02.2014 19:02
Шифрин најмлада олимписка шампионка во слалом
По првата трка Шифрин водеше пред бранителката на златото од Ванкувер, Германката Марија Хефл-Риш и Словенката Тина Мазе, но на крајот покрај неа на пиедесталот застанаа две Австријки.
-
Останати спортови 21.02.2014 12:36
Канада царува во фристајл скијањето
Со златото во последната фристајл ски дисциплина, што го освои најдобрата во светскиот куп сезонава, Мариели Томсон, Канада со 4 златни одчичја е најуспешната земја во овој спорт на 22-то издание на ЗОИ, што се одржуваат во Сочи. -
Останати спортови 20.02.2014 18:05
Реванш за злато
Женската репрезентација на Канада го освои златниот медал во карлинг, откако во финалето со 6-3 ја совлада селекцијата на Шведска. Канада по 8-от енд веќе водеше со 5-3, го доби и 9-от со 2-0, па беше беспредметно да се игра завршниот, десети енд.
-
Останати спортови 20.02.2014 16:38
Последна страна од уметничката приказна
Вечерва ќе ја испишеме послената страна од уметничката олимписка приказна. На мразот ќе ги водиме оние на кои едноставно овој спорт природно им припаѓа, дамите.
-
Останати спортови 20.02.2014 13:28
Норвежаните најдобри, пред Германија и Австрија
Во спортот во којшто се најтрофејна нација, Норвешките нордиски комбинаторци го освоија само второто злато во екипна конкуренција.
-
Останати спортови 20.02.2014 12:43
Французите ги ожнеаа медалите во фристајл крос
Жан Фредрик Шапуи ги обедини олимпиското и светското злато со убедлив триумф во финалето, поминувајќи ја целта пред сонародниците Арно Боволент и Жонатан Мидол. -
Останати спортови 19.02.2014 23:37
По скандинавското, и северноамериканско полуфинале!
Бранителите на златото од Ванкувер, Канаѓаните, се намачија против Летонија, но победија со 2-1. Откако Шарп погоди во првиот период, за само две минути со контрата на Дарзинс, Летонија израмни, а тој резултат долго стоеше во „Бољшој домот“ .








