Останати спортови

Блог вести

  • Фото финиш на Мањи Кур

    Во групниот спринт на етапата долга 180 километри со цел на стартно целната рамнина на патеката мањи Кур победи германецот Џон Дегенколб од екипата на Џајант-Шимано пред  Метју Гос од Орика Грин Еџ и Хозе Рохас од Мовистар.

  • Последниот спуст за олимпискиот шампион

    Победи  Австриецот Матијас Маер. 2300 метри долгата, многу престижна патека ја мина  за 1:29.99. Со тоа сензционалниот олимписки победник од Сочи, се избори за нов свој трофеј.

  • Стругар одново светски шампион, Македонците со две злата

    Иван Стругар триумфира во главниот меч на кик бокс спектаклот „Сплендид Гранд при“  во Будва. Црногорскиот суперстар го победи Русинот Кирил Иванов и ја освои светската професионална титула во лоу кик во категорија до 88,6 килограми.

  • Стартуваше трката до сонцето

    72-то издание на натпреварот што е вовед во богатата сезона стартуваше во Манте Ла Жоли и по два круга долги 162,5 километри заврши со спринт во кој најуспешен беше велосипедистот на Франсе Д Жу пред германецот Дегенколб од Џајант Шимано и третопласираниот Мерс

  • За завршните почести во Ленцерхајде

    Австриецот Марсел Хиршер ја пропушти шансата во изминатиот викенд во Крањска Гора да го добие бодовниот дуел со Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал! Бидејќи се возеа „неговите“ дисциплини слалом и велеслалом.

  • Крај со светски рекорд

    Американските атлетичари стигнаа до златниот медал со светски рекорд  од 3:02.13 и тоа во последната трка како украс на Мундијалот. Шели Ен Фрејер и во Сопот потврди дека во моментов е најбрзата жена на светот.

  • Слалом лудило во Крањска Гора!

    Германецот досега со 7-те сезонски триумфа, како доследен наследник, го надмина својот татко за една остварена победа.

  • Триумф и Мал глобус за Шифрин

    Со овој триумф 19-ет годишната олимписка победничка во оваа дисциплина, успеа да го осигура и Малиот глобус за оваа сезона.

  • Ау, каков машки велеслалом!

    Тед Лигети со импресивно прво и исто толку второ возење со севкупно 2:30.80, ја обезбеди својата 4 велеслаломска победа сезонава, 6-та на Крањска Гора во своето се на се, 44-то искачување на подиумот во кариерата.

  • Пандев шести во групата на 60 метри

    Најбрз во оваа квалификациона група беше Британецот Двејн Чејмберс со резултат од 6 секунди и 57 стотинки. Пандев во Сопот истрча за 14 стотинки послаб резултат од неговиот личен рекорд од 6.86.

Pages