Ракомет

Блог вести

  • Ракомет 22.01.2015 10:24

    Ниту во облаци по победите, ниту во очај по поразите

    Еуфорични и горди во славјето на победите, достоинствени и храбри во доживувањето на поразите.

  • Ракомет 22.01.2015 09:47

    Нема назад, Македонија има цел

    Македонската ракометна репрезентација го загуби балканското дерби на светското во Катар, но не разочара. Нашите ракометари одиграа храбро, во голем дел од мечот беа и рамноправни, но како и секогаш разликата ја прават детаљите.
  • Ракомет 22.01.2015 09:39

    Осум селекции во трка за шест осминафинални места од Ц и Д групите

    Денешниот шести натпреварувачки ден е резервиран за дуелите од четвртата рунда во Ц и во Д конкуренциите на СП во Катар.

    Ќе биде исклучително возбудливо ако се знае дека осум репрезентации се во трка за шесте места што водат во осминафиналето.

  • Ракомет 21.01.2015 21:03

    Хрватите, сепак, пресилни!

    Македонските ракометари го претрпеа првиот пораз на Светското првенство во Катар. Во дербито за лидерското место во групата „А“, нашиот национален состав загуби од Хрватска со 29-25, полувреме (15-14 за противникот).

  • Ракомет 21.01.2015 11:35

    Како да им кажам да не играат

    На новинарско прашање за селекторот на македонската ракометна репрезентација, дали не е подобро Македонија да се штеди на натпреварот со фаворизираната Хрватска и да се чува за обезбеденото осминафинале, Ивица Обрван по неколку мигови молк одговори:

  • Ракомет 21.01.2015 11:07

    Наутро го будат со страв, навечер гладијатор

    Не можам, а да не Ви пренесам извадок од една колумна на хрватскиот колега Милетиќ за настапите на хрватската репрезентација на Светското првенство во пресрет на натпреварот со Македонија. Насловена како „Ако умрам ил загинам“ во еден дел вели:

  • Ракомет 21.01.2015 10:26

    Една слика, илјада зборови

    Не толку одамна од светската ракометна федерација нашите навивачи добија признание за најдобра навивачка група,доминираа на шампионатот во Србија, го преплавија Гетеборг за олимписките квалификации, а сега го освојуваат и истокот.

  • Ракомет 21.01.2015 10:22

    Двајца Хрвати - две репрезентации

    Ивица Обрван – Славко Голужа. Денешниот натпревар меѓу македонските и хрватските ракометари за првото место во групата „Бе“ на Светското првенство во Бразил носи и интересна, специфична селекторска пресметка. Обрван е на наш, Голужа е нивни.

  • Ракомет 21.01.2015 10:07

    Прибак ќе биде во составот, дали ќе игра, ќе реши Обрван

    Немања Прибак е подобар и ќе биде во составот за денешниот натпревар против Хрватска!

  • Ракомет 21.01.2015 10:05

    Билети нема, салите празни

    Каде е публиката? Чудни работи се случуваат на истокот. Доха и Катар живеат во духот на ракометот. Речиси нема зграда во центарот на градот што не е избрендирана со логото на Светското превенство, салите се убави, нови, подготвени.

Pages