Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне останува на „Калдерон“ до 2020 година! Според шпанските медиуми, преговорите се финализирани и во текот на денот Симеоне ќе стави потпис на новиот договор. Поединостите од договорот ќе бидат соопштени после потпишувањето.
Спорт
-
Фудбал 24.03.2015 11:08
-
Фудбал 23.03.2015 15:13
Адеми и Ѓуровски не доаѓаат, Матиќ се уште без сертификат од ФИФА
Значително реновираниот поширок список играчи на македонската фудбалска репрезентација ќе претрпе и додатни принудни измени пред евроквалификацискиот натпревар со Белорусија в петок во Скопје.
-
Фудбал 22.03.2015 23:28
Пелистер, среќник
Вардар и Пелистер одиграа нерешено 1:1 во дербито на 21 коло од Првата фудбалска лига. Поведе Вардар во 17-та минута со голот на Ибричиќ. Пелистер израмни во првата минута од судиското надополнување!
-
Кошарка 22.03.2015 18:33
Продолжи победничката серија на Голден Стејт
Во НБА лигата беа одиграни пет натпревари. Во фокусот беше продолжувањето на победничката серија на Голден Стејт, како и триумфот на Мемфис над Портланд во дербито. Најдобриот тим моментно во лигата Голден Стејт го оствари петиот триумф во низа.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:28
Мазе не успеа, Фенингер ја одбрани титулата
Двојното австриско славје го потцрта Ана Фенингер која триумфираше во последниот велеслалом во сезоната и го освои големиот кристален глобус.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:26
Фројнд му ја одзеде титулата на Превц на Планица
Словенците беа доминантни и на последниот ден во сезоната на скијачките скокови и големото финале во Планица.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:23
За Хиршер полни раце трофеи
Австриецот Марсел Хиршер со победа и со мал кристален глобус во слаломот го украси триумфот во Светскиот куп на финалето во Марибел.
-
Кошарка 22.03.2015 15:43
Крај на АБА авантурата за МЗТ Скопје
МЗТ загуби од Звезда, очекувано и со висока разлика, во натпревар што беше последен за двете екипи во, можеби, резултатски најнеизвесната АБА сезона во поновата историја на регионалното натпреварување.
-
Останати спортови 22.03.2015 12:31
Македонија на јубилејното ЕП во карате со медал на Несторовски и со две норми за Европските олимписки игри
Во последниот ден од натпреварите на ЕП во Истанбул во борба за бронзен медал настапи женскиот ката тим во состав Поликсенија Јованоска и сестрите Маријана и Мишела Димоски. Сепак, трофејот им припадна на поискусните претставнички на Шпанија а македонскиот тим заврши на петтото место.
-
Останати спортови 20.03.2015 22:53
На ЕП во карате Македонија со четири претставници во борбите за медали
Уште еден извонреден ден за македонските каратисти на јубилејното 50 ЕП во карате кое се одржува во Истанбул. Македонија обезбеди уште две борби за бронзен медал и тоа и двете во екипна конкуренција.









