Спорт

  • Фудбал 25.03.2015 16:14

    Дебитантот оди на резултат во Скопје против Македонија

    Фудбалската репрезентација на Белорусија на квалификацискиот дуел за ЕП со Македонија в петок во Скопје доаѓа со селектор дебитант. Александар Хацкевич денеска ја имаше и првата официјална средба со новинарите на пресот во Минск.

  • Фудбал 25.03.2015 12:52

    Белорусија се подготвува во Минск

    Пред три дена фудбалската репрезентација на Белорусија ги започна мини подготовките за претстојниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 против Македонија. Во АБФФ тренинг кампот во Минск, на располагање на селекторот Александар Хацкевич се 23-ца фудбалери.

  • Ракомет 25.03.2015 10:28

    4 желби за 2 места во 1/2 финале

    Оптимизам, надеж, желба да се одигра добро и да се обезбеди полуфинале на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига што денеска почнува во Веспрем.

  • Кошарка 24.03.2015 22:23

    И покрај победата Куманово без полуфинале!

    Кошаркарите на Куманово не се пласираа во полуфиналето на Балканската лига иако во четвртфиналниот реванш го совладаа Рилски спортист со 107:101 по продолжение.

  • Ракомет 24.03.2015 22:21

    Круна на сезоната

    Веспрем е подготвен за завршницата на СЕХА регионалната лига. 5 екипи се веќе во малото гратче на југозападот од Будимпешта во очекување на утрешниот старт на натпреварите на завршниот турнир во регионалното  ракометно натпреварување.

  • Фудбал 24.03.2015 15:44

    Платини и натаму во претседателската фотелја!

    Немаше дилеми, но и формално Mишел Платини ја доби довербата на сите 54 членки, па трет мандат ќе биде претседател на УЕФА.

    Со реизборот, 59-годишниот Французин Платини, автоматски е потпреседател на ФИФА и во следните четири години.

  • Кошарка 24.03.2015 15:42

    Куманово брка негатива од 12 поени!

    И покрај поразот од 12 разлика во Бугарија, кошаркарите на Куманово не ги напушта отимимизмот дека можат да играат во полуфиналето на Балканската лига.

    Полната сала ќе биде адут за кумановци во вечерашниот реванш против Рилски спортист.

  • Фудбал 24.03.2015 15:40

    Победата е императив за Македонија против Белорусија!

    Победата против Белорусија се наметнува затоа што македонската фудбалска репрезентација нема други опции по трите порази и единствениот триумф против Луксембург во квалификациите за Европското првенство.

  • Ракомет 24.03.2015 15:37

    Вардарци го сакаа и го добија Киелце!

    Желбата им се оствари, ракометарите на Вардар ќе играат против Киелце во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Како првопласиран во групата, полскиот првак ќе ја има предноста на домашниот терен во реваншот. Првиот натпервар ќе се одигра во Скопје на 11 или на 12 април.

  • Кошарка 24.03.2015 13:19

    Харден со 44 коша против Индијана

    Во НБА Лигата, нова една феноменална вечер имаше Џејмс Харден во дресот на Хјустон. Како главен играч на Рокитс по повредата на Двајт Хауард, Харден со 44 коша ја потопи Индијана, иако дури 21 погодок постигна од линијата за слободни фрлања.

Pages