Финишира мастерс тенискиот турнир во Мајами. На машкиот дел од турнирот познати се четвртфиналните двојки.
Спорт
-
Тенис 01.04.2015 17:54
-
Останати спортови 01.04.2015 15:53
Европската бронза на Зубаиров попатна станица за Олимписки трофеј
Бронзениот медал на Халил Зубаиров на ЕП за борачи до 23 години е прв трофеј за еден македонски репрезент во олимписки спорт по пауза од 8 години. Последен пат на подиумот се искачи Мурат Рамазанов исто така во борење слободен стил на ЕП ’07 година.
-
Фудбал 31.03.2015 18:25
Македонската репрезентација на крстопат
Ремито без голови во пријателскиот меч со Aвстралија е мал и само резултатски напредок во однос на петочниот болен евроквалификациски пораз од Белорусија. Точно на половина од циклусот и националниот тим и фудбалската федерација се на крстопат.
-
Ракомет 31.03.2015 15:28
Металуг - Радовиш, Вардар - Прилеп, на стартот од разигрувањето за титулата
Ракометниот плеј - оф за титулата ја збогатува домашната спортска понуда идниот викенд. Во РФМ денеска ждрепката ја оформи календарската и натпреварувачка шема која ќе биде финализирана во првиот викенд од јуни.
-
Кошарка 31.03.2015 14:20
Перо со 8 поени во 56 сезонска победа на Атланта
Нова забележителна партија на Перо Антиќ вопобедата на Атланта над Милвоки со 101 : 88. Македонецот за 15 минути на паркетот во “Филипс арена“ постигна 8 поени, 2 скока и по една асистенција и украдена топка за зацврстување на првата позиција во Источната конференција со 56 победи и 18 порази.
-
Кошарка 30.03.2015 15:23
Соколи ќе играат во Супер лигата
Прволигашите се согласија. Кумановци бараат службена победа на одложениот натпревар. -
Фудбал 30.03.2015 12:06
Интересни квалификации
Многу интересна е првата половина од квалификациите за ЕУРО 2016-та! Новиот натпреварувачки модел, со зголемен број на учесници делува инспиративно за многу селекции.Бидејќи и третите места во групите се билет за завршниот фестивал во Франција.
-
Ракомет 29.03.2015 20:24
Чема најкорисен играч во СЕХА
Вообичаено за завршните турнири е изборот на идеалниот тим на натпреварувањето. За најкорисен (МВП) играч на завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем е избран ракометарот на новиот шампион Веспрем, Чема Родригез.
-
Ракомет 29.03.2015 20:15
Веспрем е новиот СЕХА шампион
Се чини и неможеше да биде поинаку. 5000 френетични гледачи го понесоа домаќинот и организаторот на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига кон нова победа.
-
Ракомет 29.03.2015 20:11
Шампионот само 4-ти
Екипата на сеуште актуелниот СЕХА шампион Вардар го загуби натпреварот за третото место на завршниот турнир на регионалното натпреварување од составот на Загреб со 26-23.










