Шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија денеска содржи три натпревари. Дербито е во Ѓорче Петров меѓу Металург и Вардар, две од трите екипи со најдобар ефект досега. Преносот е на Собрансикиот сервис на МРТ од 17 часот.
Спорт
-
Фудбал 31.08.2014 14:50
-
Фудбал 31.08.2014 14:49
Првото дерби за Работнички
Работнички ја совлада Шкендија со 3-2 во премиерниот натпревар од шестото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Малубројната публика на арената „Филип втори“ уживаше во првиот од двата дерби меча во оваа првенствена рунда.
-
Фудбал 30.08.2014 16:33
Сонг во Вест Хем
Раководството на Барселона реши да го отстапи Алекс Сонг на Вест Хем. Камерунецот ќе игра на „Аптон парк“ до крајот на сезоната, во лигата во којашто се изгради како фудбалер во дресот на Арсенал.
-
Фудбал 30.08.2014 16:07
Ниту Ди Марија не му помогна на Манчестер
Трет натпревар во новата сезона во англискиот фудбалски шампионат, а Манчестер јунајтед повторно не победи. „Црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 0-0 на гостувањето кај Барнли.
-
Ракомет 30.08.2014 16:06
Металург со Мојсоски стартува против Татран
Македонскиот ракометен шампион, Металург ја отвора сезоната дома со меч од Сеха лигата против екипата на Татран.
На првиот двобој од четирите фронта противник е словачкиот првак кој е должник од претходната сезона во оваа конкуренција.
-
Фудбал 30.08.2014 16:03
Шесто коло, две дерби пресметки
Фудбалерите на Работнички и на Шкендија ќе го отворат шестото коло во нашата Прва лига, последно пред паузата поради натпреварот со Шпанија од квалификациите за Европското првенство.
-
Фудбал 29.08.2014 18:17
Јаховиќ интересен за Крилја Совјетов
Екипата на Крилја Совјетов „фрли око“ на македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ, кој летово од украинска Ворскла го засили нападот на хрватскиот прволигаш Ријека.
-
Фудбал 29.08.2014 18:14
Шпанија Без Торес, Мата и Пике, можеби и без Диего Коста
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте Дел Боске, денеска објави крупни, дури и револуционерни промени во националниот тим на „црвената фурија“, којшто по дебаклот летово на Мундијалот во Бразил, ќе изгледа драстично поинаку во споредба со последните неколку години на домина
-
Фудбал 29.08.2014 14:30
Петмина македонски фудбалери во УЕФА Европа лигата!
Петтата сезона во УЕФА Европа лигата со форматот од 12 групи по 4 екипи, ќе има дополнителна димензија и привлечност, затоа што освојувачот ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главната промена, со цел втората по класа конкуренција да стане што попривлечна.
-
Останати спортови 29.08.2014 13:44
Освојувачи на дијамантскиот сјај
Цирих, местото со претензија да биде кулминација од гламурозната „Дијамантска лига“, само делумно ги исполни очекувањата на атлетскиот свет.










