Работнички и Тетекс ќе бидат противници во воведниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Филип втори“ шампионот ќе се обиде да ги освои првите бодови сезонава, а „штофарите“ веќе имаат еден, иако досега не постигнаа гол. Почетниот удар е од 20 часот.
Спорт
-
Фудбал 16.08.2014 13:19
-
Ракомет 15.08.2014 16:51
Нашите ракометни надежи поразени и од Шпанија
Македонската ракометна репрезентација за играчи до 18 годишна возраст го доживеа и вториот пораз на Е П во Полска. На натпреварот од 2 коло од „Б“ групата во Гдањск, нашата селекција е убедливо поразена од Шпанија со 13 гола разлика.
-
Фудбал 15.08.2014 14:07
Венгер без германскиот „Арсенал“
Месут Озил, Пер Мертесакер и Лукас Подолски ќе го пропуштат првиот натпревар на Арсенал во годинашната сезона од Премиер лигата, лондонското дерби со Кристал Палас.
-
Фудбал 15.08.2014 13:57
Поповолни услови за Стерлинг?!
Ливерпул ќе ја зголеми платата на Рахим Стерлинг за четирипати, соопшти клупското раководство. Талентираниот англиски репрезентативец сега заработува 30 000 фунти неделно, а договорот му истекува за три години.
-
Останати спортови 15.08.2014 13:56
Оригиналната идеја му донесе бизарна дисквалификација
Французинот Махедин Мекиси – Бенабад е меѓу најспоменуваните спортисти на планетата во изминатите 24 часа.
-
Фудбал 15.08.2014 13:47
Буфон го поддржа Конте
Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, му изрази поддршка на Антонио Конте, кој вчера беше назначен за селектор на „аѕурите“.
-
Останати спортови 15.08.2014 13:44
ИОК крена рампа за Африканците
Интернационалниот олимписки комитет им забрани на спортистите од Африка да учествуваат на Младинските олимписки игри во Нанџин поради стравот од вирусот на ебола.
-
Тенис 15.08.2014 13:21
Федерер – Мареј финале пред финале!
Се намалува конкуренцијата на седмиот сезонски мастерс од серијата 1000, но четвртфиналните двојки сепак најавуваат интересна завршница во Синсинати.
-
Ракомет 15.08.2014 13:19
Кастратовиќ со ангажман
Поранешниот вардаров и црногорски предводник од клупата Зоран Кастратовиќ, од сезонава седнува на нова и тоа на најбогатиот ракометен тим во светот катарски Ел Џаиш.
-
Останати спортови 14.08.2014 18:05
Пораз и победа за крај на Олимпијадата
Во последното 11 коло на шаховската олимпијада во Тромсо-Норвешка нашите шахисти загубија од Киргистан со 3-1, а нашата женска селекција ја совладаа репрезентацијата на шахистки со физичка попреченост со 3 и пол спрема половина.









