Третпат по ред МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на нашиот кошаркарски куп. Во финалето во Охрид, македонскиот шампион се намачи, но ја совлада Лирија со 76-73.
Спорт
-
Кошарка 09.02.2014 20:10
-
Останати спортови 09.02.2014 19:24
Исчекор за Русинките и за Швеѓанките
Русија и Шведска остварија значајни победи на патот до четвртфиналето на женскиот хокејарски турнир на Олимписките зимски игри во Сочи. За радост на домашните навивачи во „Шајба“, Русинките ја совладаа Германија со 4-1 и тоа со пресврт во последната третина.
-
Ракомет 09.02.2014 19:11
Очекуван пораз од Монпелје!
Ракометарите на Зомимак очекувано загубија убедливо со 41-22 на гостувањето кај Монпелје во првиот натпревар од групната фаза во Купот на ЕХФ.
-
Останати спортови 09.02.2014 15:50
Вуст за 86-ти медал за Холандија во брзо лизгање
Холандија не е само земја на лалињата, туку и на брзото лзигање. Најуспешната нација во овој спорт во олимписката историја, дојде до 86-от медал, благодарение на златото на Ирене Вуст на 3000 метри.
-
Останати спортови 09.02.2014 14:56
Олимписки игри во Сочи: Колоња најдобар во скијатлон
Швајцарецот Дарио Колоња е нов олимписки шампион во скијатлон, кој се одржа во Лаура ски комплексот во околината на Сочи.
-
Останати спортови 09.02.2014 14:53
Австријците, Стох, Превц или ....... ???
Првите медали на Игрите во Руски Горки центарот за скијачки скокови ќе бидат поделени вечер по поединечниот натпревар од помалата 100-метарска скокалница.
-
Останати спортови 09.02.2014 11:13
Златен медал за Маер во спустот
Матијас Маер е победникот во спуст. Австријците му се радуваат на најпосакуваниот златен медал во алпското скијање. Во една од резултатски највозбудливите спуст трки во олимписката историја, Маер е неочекуваниот славодобитник.
-
Останати спортови 08.02.2014 21:00
САД и Канада – моќно!
Фаворитките ги оправдаа очекувањата на отворањето на женскиот хокејарски турнир на Олимписките зимски игри во Сочи. Соединетите Американски Држави и Канада се загреваа во премиерните настапи на мразот.
-
Останати спортови 08.02.2014 20:56
Кралот го оправда прекарот
Златен медал за Оле Еинар Бјорндален во бијатлонската трка на 10 километри за влез во историјата.
-
Останати спортови 08.02.2014 20:51
Бронза за Јованоска, Македонија одново на пиедесталот
Првиот ден од натпреварите на 41 Европско првенство во карате, кое се одржува во Лисабон, ја донесе и првата голема радост за нашите каратисти. Во дисциплината кати поединечно, Пуликсенија Јованоска освои бронзен медал во конкуренција на постари јуниорки (-21 година).





