Спортската понуда на Македонската телевизија викендов ќе биде збогатена и со преносите од квалификациите и трката за Големата награда на Бразил.
Спорт
-
Формула 1 22.11.2013 15:33
-
Кошарка 22.11.2013 15:31
Струмица го брани „Парк“ од Вардар
Осмото коло во Првата кошаркарска лига носи неколку интересни пресметки, воведната е во Струмица каде што истоимената екипа ќе го пречека Вардар од 17 и 30 со пренос на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија.
-
Фудбал 22.11.2013 15:28
Домашен фудбал
По прекинот поради настапите на нашата млада фудбалска репрезентација, продолжуваат и натпреварите во најсилната фудбалска конкуренција кај нас. Во 16-тото коло Работнички ќе ја пречека Шкендија, Вардар ќе и гостува на Брегалница, Гостивар ќе му биде домаќин на Напредок, а Металург на Пелистер.
-
Ракомет 22.11.2013 15:28
Скопје повторно во ракометен занес
Ривалството што од локално се воздигна до европско ниво продолжува. Вардар ја доби првата битка во Лигата на европските шампиони против Металург, а в недела претстои реваншот.
-
Фудбал 21.11.2013 16:02
Уругвај по 12-ти пат на мундијалите
Квалитетот и бараж - системот според кој петопасираниот од јужноамериканските квалификации игра со преставник на Азија, му овозможија на Уругвај по 12-ти пат да биде дел од Светското првенство...
-
Кошарка 21.11.2013 16:01
Антиќ „резервист“ против Детроит
Иако против шампионот Мајами постигна рекордни 12 поени откако е во дресот на Атланта, Перо Антиќ ноќеска не одигра ниту секунда против Детроит. Тимот на македонскиот кошаркар победи со 93-85 и сега е петти во источната конфереција со седум триумфи на 12 натпревари.
-
Фудбал 19.11.2013 16:13
Победата - единствена опција!
Шансите се реални, амбициите високи, но за да бидат целосно исполнети, во денешниот натпревар со Норвешка, македонските фудбалери до 21 година треба да размислуваат единствено за победа.
-
Ракомет 19.11.2013 16:11
Лига на шампионки
Mеѓу осумте најдобри во Лигата на шампионките не може да има лесни противнички, но вардарки се задоволни од денешната ждрепка за групите од втората фаза во елитната конкуренција.
-
Формула 1 18.11.2013 15:31
Неизвесност нема – рекорди има!
Во недостаток од возбудувања на патеката –љубителите на Формула 1 ги бројат рекордите.
-
Останати спортови 18.11.2013 15:11
Динамичен спортски викенд
Уште еден викенд минува со ракометна клубска исполнетост и на дофат кошаркарска. Вардарки со супериорно издани во Норвешка против директниот групен ривал инаку, лански шампионски финалист Ларвик, ја демонстрираа својата доминантна моќност која од натпревар во натпревар е се поизразена.