Руските сили извршија повеќе од 40 ракетни напади на Божиќ, соопшти украинската војска. Во изминатите 24 часа биле гранатирани десетици градови во регионите Луганск, Доњецк, Харков, Херсон и Запорожје.
-
Свет 26.12.2022 13:43
-
Свет 26.12.2022 12:54
„Циклонска бомба“ во САД и Канада
Зимската бура што го зафати северноамериканскиот континет, од Канада на север, до Рио Гранде на југ однесе десетици животи. Најголем број жртви има во Бафало – 12, Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо. Речиси 200 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
-
Свет 26.12.2022 12:43
Прогласена вонредна состојба поради истекување на амонијакот во Пирот
Еколошка тревога во Пирот откако воз што превезувал цистерни со амонијак се излизгал од шините. Извршените мерења на пет локации денеска не покажаа присуство на амонијак во воздухот, соопшти српскиот министерот за транспорт Весиќ.
-
Свет 26.12.2022 10:09
Најмалку 38 загинати во снежното невреме што ги зафати САД и Канада
Најмалку 38 лица смртни случаи се поврзани со снежната арктичка бура со многу ниски температури која ги зафати САД и Канада.
-
Свет 26.12.2022 10:09
15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот
Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа.
-
Свет 26.12.2022 10:09
Пукотници во близина на патрола на КФОР во северно Косово
Тензично на Косово по истрелите и детонациите кај Зубин Поток во близина на патрола на КФОР. Косовскиот министер за внатрешни, реагираше на овие напади, нарекувајќи ги игри на српскиот претседател Вучиќ и неговите криминални инструменти.
-
Свет 26.12.2022 10:09
Кина испрати 71 воен авион во зоната за воздушна одбрана на Тајван
71 авион на кинеското воено воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала, навлезе во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван во изминатите 24 часа, соопшти владата на Тајван, за најголемиот упад на Кина досега.
-
Свет 25.12.2022 16:13
Украина ќе ја врати слободата, божиќна порака на претседателот Зеленски
Голем дел од Украинците слават Божиќ како повеќето земји во Европа откако му свртеа грб на стариот календар. Додека војната во Украина одбележува 10 месеци, на Бадник, Киевската опера одржа божиќен концерт.
-
Свет 25.12.2022 11:57
САД се загрижени за одлуката на талибанците, жените да не учествуваат во НВО
Вашингтон изрази загриженост поради одлуката на авганистанските талибанци, жените да не учествуваат во невладини организации.
-
Свет 25.12.2022 11:53
Властите во Кина повеќе нема да објавуваат ковид статистика
Националната здравствена комисија на Кина престана да објавува дневни податоци за Ковид-19, чија веродостојност беше доведена во прашање, откако бројот на случаи на зараза забрзано се зголеми поради олабавување на строгите епидемиолошки мерки.










