Поради налетот на арктичкиот студ кој зафати поголем дел од САД, повеќе од 800 илјади луѓе останаа без струја, има загинати во сообраќајни несреќи, а илјадници останаа на аеродромите поради откажани летови.
-
Свет 25.12.2022 11:42
-
Свет 25.12.2022 11:26
Русија негира дека намерно напаѓа цивилни цели
Бројот на загинатите во рускиот напад врз Херсон, се искачи на десет, а 58 лица се повредени, соопштија украинските власти. Русија негира дека намерно напаѓа цивилни цели.
-
Свет 25.12.2022 10:36
Папата Франциск повика на скромност и грижа за ранливите
Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ.
-
Свет 24.12.2022 14:55
Дваесет загинати во пожар во дом за стари лица во Русија
Дваесет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Пожарот избувнал во двокатната зграда во градот на три илјади километри источно од Москва.
-
Свет 24.12.2022 13:33
Хаос на улиците во Париз по убиството на тројца Курди
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар. Со слогани против турската влада, две илјади демонстранти-Курди излегоа на улиците во француската престолнина. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата која фрлаше предмети и ја запали заштитната барикада.
-
Свет 24.12.2022 11:20
Коронавирус се шири во Кина, апел до жителите на Шангај да останат дома
Властите во Шангај ги повикаа граѓаните да останат дома викендов поради се поголемиот број случаи на коронавирус. Огранок на Општинската здравствена комисија во Шангај ги повика, особено младите, да избегнуваат собири поради лесното ширење на коронавирусот и ниските температури.
-
Свет 24.12.2022 11:14
Историско невреме во САД со екстремно ниски температури
Историско невреме во САД. Погодени се над 200 милиони Американци од силната зимска бура. Се проценува дека досега починале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија, а илјадници летови беа откажани.
-
Свет 24.12.2022 11:05
САД одобри 45 милијарди долари помош за Киев
Претставничкиот дом на САД, под контрола на демократите, вчера одобри помош од 45 милијарди долари за Украина, откако претседателот Зеленски се врати од Вашингтон, со ветување дека ќе добие ракети „Патриот“.
-
Свет 24.12.2022 10:56
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар. Две илјади демонстранти, Курди, излегоа на улиците. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
-
Свет 23.12.2022 19:36
СЗО: Се очекува подобрување на состојбата со заразните болести
Светската здравствена организација денеска изрази уверување дека состојбата на глобално ниво во борбата против опасните болести ќе се подобри во наредната година.










