Спречен обид за државен удар во Германија. Ултрадесничари и поранешни воени лица планирале упад во Бундестагот, уривање на владата и преземање на власта.
-
Свет 07.12.2022 12:43
-
Свет 07.12.2022 12:00
Два воза се судрија кај Барселона
Над 150 лица повредени во судир на патнички возови во близина на Барселона.
Според локалните власти, возовите патувале во иста насока и се судриле додека едниот бил запрен на станицата.
Се утврдуваат причините за несреќата.
-
Свет 07.12.2022 09:45
Нови напади околу Запорожје
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје. Украинската разузнавачка служба тврди дека руските резерви на ракети се при крај. Според Русија, противникот трпи големи штети и во персонал и во воена техника во Луганск и Доњецк.
-
Свет 07.12.2022 09:44
Ултрадесничари и поранешни воени лица планирале упад во Парламентот
25 лица уапсени во голема полициска рација во Германија. Осомничени се за планирање на упад во зградата на Парламентот и уривање на Владата.
Како главен мозок на операцијата е идентификуван т.н. „Принц Хајнрих XIII“, на 71-годишна возраст.
-
Свет 07.12.2022 09:36
Се намалуваат рестрикциите за Ковид-19
Кинеските власти ги ублажија ковид-рестрикциите кои предизвикаа масовни протести во последните неколку недели.
Поголемиот дел од луѓето сега ќе можат да бидат во домашен карантин, а за влез во повеќето јавни објекти нема да биде потребен ПЦР тест, со исклучок на болниците и училиштата.
-
Свет 07.12.2022 09:36
Демократот Ворнок победи во трката за сенатор на Џорџија
По победата на демократскиот кандидат Рафаел Ворнок на изборите во Џорџија, партијата на претседателот на САД Џо Бајден го зголеми мнозинството во американскиот Сенат.
-
Свет 06.12.2022 15:34
За време на протест на албанската опозиција нападнат е Сали Бериша
Лидерот на албанските демократи, Сали Бериша, беше нападнат за време на протестот во Тирана, каде се одржува и Самитот ЕУ-Западен Балкан. Бериша беше удрен со тупаница во лицето од 25-годишен маж, кој присутните го оттргнале и го претепале, по што е хоспитализиран.
-
Свет 06.12.2022 14:33
Борел: Предлог договорот е испратен вчера
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја акцентираше важноста на дијалогот Приштина-Белград, нагласувајќи дека во нивни раце e да почнат преговори, бидејќи германскиот предлог им е можност за тоа.
-
Свет 06.12.2022 14:31
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Солун
Полицијата се судри со демонстрантите во Солун, северна Грција, пред болницата во која се лекува 16-годишно момче, откако беше застрелано во главата за време на полициска потера.
-
Свет 06.12.2022 12:33
Најмалку 34 загинати во лизгање на земјиште во Колумбија
Најмалку 34 лица загинаа во лизгање на земјиште во северозападна Колумбија, а деветмина се повредени.
Автобус на јавен превоз во кој имало 33 лица, автомобил со шест луѓе и двајца мотоциклисти биле затрупани во недела во одрон.
Во спасувачката операција учествувале 80 луѓе.










