Се олеснуваат рестриктивни анти-ковид мерки во Кина. Пекинг ги укина негативните тестови за Ковид за влез на аеродроми, супермаркети и јавен превоз.
Се очекува кинеските власти од утре да укинат уште некои ковид-мерки во земјата.
Се олеснуваат рестриктивни анти-ковид мерки во Кина. Пекинг ги укина негативните тестови за Ковид за влез на аеродроми, супермаркети и јавен превоз.
Се очекува кинеските власти од утре да укинат уште некои ковид-мерки во земјата.
Војската на Северна Кореја наредила артилериски оган како одговор на воените вежби на Јужна Кореја.
Огласени сирени и засилени рекетирања низ Украина по одлуката за ограничување на цената на руската нафта. Москва не попушта. Нападите врз електричната инфраструктура се интензивираат. Во земјата воведени вонредни исклучувања на струјата.
Огласени сирени и засилени рекетирања низ Украина по одлуката за ограничување на цената на руската нафта. Москва не попушта. Ги интензивира нападите врз електричната инфраструктура. Во земјата воведени вонредни исклучувања на струјата. Се евакуира и населението од делови на Харков.
Жителите на Хаваи бараат алтернативи доколку лавата од вулканот Мауна Лоа се прелее преку автопатот и го подели островот на две половини.
Иако лавата истекува полека и нејзиниот тек е непредвидлив и може да биде променет, до крајот на неделава се очекува да стигне до патот.
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на средба со премиерот Албин Курти.
Во фокусот на разговорите-подготовките за средбата на високите претставници на Приштина и Белград и дијалогот за нормализација на односите.
Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник Билд.
Северна Кореја истрела околу 130 артилериски проектили во морето во близина на нејзиниот источен и западен брег во најновата воена вежба на Пјонгјанг во близина на заедничката граница.
Цените на нафтата стабилни откако на сила стапи ограничувањето на цената на руската нафта, во момент кога Западот се обидува да ја намали способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Русија кажа дека нема да ја почитува оваа мерка, дури и ако мора да го намали производството.
Неврохирургот Николај Габровски е номинацијата на ГЕРБ-СДС за премиер. Најголемата парламентарна партија сепак се реши за непартиски кадар, кој како што велат од партијата на Борисов, може да биде прифатлив за сите партии.