Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со американскиот претседателот Џозеф Бајден, откако имаше разговори и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон.
-
Свет 12.12.2022 11:31
-
Свет 12.12.2022 11:22
Втора егзекуција во Иран поврзана со антивладините протести
Во Иран јавно бил егзекутиран човек осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили. Ова е втора смрт поврзана со антивладините протести за помалку од една недела.
-
Свет 12.12.2022 09:30
Продолжуваат тензиите на Косово
Продолжуваат тензиите на Косово. Премините Јариње и Брњак се затворени. Училиштата и натаму под клуч. Србите кои живеат во овој дел од земјата во текот на вчерашниот ден ги блокираа пристапите кон преминот Јариње откако беше уапсен поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.
-
Свет 11.12.2022 18:30
Белград и Приштина свикаа Совети за безбедност, Борел повикува на смиреност
Тензично на северот на Косово. Во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток останаа поставените блокади од Србите. Затворени се граничните премини преку Јариње и Брњак.
-
Свет 11.12.2022 13:24
Русите ја уништија енергетската инфраструктура во Одеса, Украинците возвратија во Мелитопол
Загинати и повредени во ракетен напад од украинските сили врз Мелитопол. Серија експлозии и во Крим и Севастопол. Руската војска ја гранатира целата линија на фронтот во Доњецк. Најжестоките борби се водат околу Бахмут. Според Москва, руската војска напредува кон Лиман.
-
Свет 11.12.2022 11:53
Тензично на северот на Косово
Тензично на северот на Косово. Во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток останаа поставените блокади од Србите. Затворени се граничните премини преку Јариње и Брњак.
-
Свет 11.12.2022 11:22
Претседателката ја именуваше новата Влада, во неа ќе има осум жени
Новата претседателка на Перу, првата во историјата на земјата, Дина Болуарте, назначи Влада од 19 министри, меѓу кои осум се жени, откако парламентот го разреши нејзиниот претходник Педро Кастиљо.
-
Свет 11.12.2022 11:21
Суспендирана Каили поради корупцискиот скандал
Суспендирана потпретседателката на европскиот парламент, Ева Каили, поради корупцискиот скандал. Претставничката од грчката партија „ПАСОК“ беше уапсена во Белгија, осомничена е за поткуп и соработка со заливска земја која сакала да влијае врз одлуките на Европарламентот.
-
Свет 11.12.2022 09:48
Ердоган: Можно е да се кандидирам за претседател во 2023 година
Турскиот претседател Ердоган изјави дека е можно да се кандидира за истата функција и во 2023 година.
Доколку победи, тоа ќе биде последниот мандат на чело на државата. Претседателските и парламентарните избори се закажани за јуни.
-
Свет 11.12.2022 09:48
Нови напади во Украина, има жртви
Нови жртви во Украина. Најмалку двајца загинати, а десетмина повредени во ракетен напад врз градот Мелитопол.
Поранешниот украински претседател Порошенко ги повика Соединетите Американски Држави да им обезбедат оружје со долг дострел.










