Турскиот претседател Ердоган изјави дека е можно да се кандидира за истата функција и во 2023 година.
Доколку победи, тоа ќе биде последниот мандат на чело на државата. Претседателските и парламентарните избори се закажани за јуни.
Турскиот претседател Ердоган изјави дека е можно да се кандидира за истата функција и во 2023 година.
Доколку победи, тоа ќе биде последниот мандат на чело на државата. Претседателските и парламентарните избори се закажани за јуни.
Нови жртви во Украина. Најмалку двајца загинати, а десетмина повредени во ракетен напад врз градот Мелитопол.
Поранешниот украински претседател Порошенко ги повика Соединетите Американски Држави да им обезбедат оружје со долг дострел.
Северно Косово и натаму блокирано. Во делови се регистрирани пукотници и детонации, но нема информации за повредени.
Србите поставија барикади на неколку локации на северот на Косово во знак на протест поради апсењето на поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.
Во Осло доделена Нобеловата награда за мир. Признанието годинава го делат белорускиот борец за човекови права Алес Бјаљацки кој е во затвор, руската невладината организација за човекови права „Меморијал“ и украинскиот Центар за човекови права.
Четириесетгодишниот маж, осомничен дека ја убил мајка си пред да земе заложници во источниот германски град Дрезден, починал од повредите здобиени во полициската операција, соопштија властите.
Корупциски скандал во Европскиот парламент. Поради сомнеж за мито е уапсена Ева Каили, една од потпретседателките на ова тело. Белгиското обвинителство наведува дека заливска земја со месеци се обидува да влијае врз политичките и економските одлуки на официјален Брисел.
Санкции и визни ограничувања од САД добија 65 лица и ентитети од 17 земји објави Стејт департментот. Лицата кои се најдоа на „црната листа“ се од Русија, Иран, Кина, Северна Кореја, Хаити, Филипините, Шри Ланка.
Уапсена една од потпретседателките на ЕК поради обвинение за корупција во Белгија. Случајот на Ева Каили се поврзува со Светското првенство во Катар.
Нејзината партија во Панхеленското социјалистичко движење, објави дека била избркана поради истрагата.
Поддржувачите на соборениот и уапсениот перуански претседател Педро Кастиљо се обидоа да влезат во Конгресот.
Полицијата повторно мораше да интервенира со солзавец во Лима.