Поддршката за независност на Шкотска се зголеми за 56% две седмици откако судот на Велика Британија го попречи обидот на Владата за втор референдум за независност.
-
Свет 08.12.2022 12:08
-
Свет 08.12.2022 12:08
Путин: Зголемен ризикот од нуклеарна војна
„Ризикот од нуклеарна војна е зголемен, но Русија не е луда да употреби прва нуклеарно оружје“, изјави шефот на Кремљ Путин. Во својот говор на Годишниот состанок на рускиот совет за човекови права, додаде дека такво сценарио би било можно само доколку биде нападната.
-
Свет 08.12.2022 10:39
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во Јадранското Море
Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Јадранското Море околу седум часот утринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри источно од италијанскиот приморски град Римини.
-
Свет 07.12.2022 19:31
Смртни закани за италијанската премиерката Мелони
Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочува со закани на интернет, каде маж, незадоволен од владиниот план да ги укине субвенциите за борба против сиромаштијата, повика на смрт за неа и нејзината шестгодишна ќерка. Полицијата го приведе мажот и му го затвори профилот наТвитер.
-
Свет 07.12.2022 18:07
Кинеските власти ги намалија ковид-рестрикциите
Кинеските власти ги ублажија ковид-рестрикциите кои предизвикаа масовни протести во последните неколку недели.
Поголемиот дел од луѓето сега ќе можат да бидат во домашен карантин, а за влез во повеќето јавни објекти нема да биде потребен ПЦР тест, со исклучок на болниците и училиштата.
-
Свет 07.12.2022 18:02
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје.
Унгарија стави вето на нов пакет помош од 18 милијарди евра за Украина, од ЕУ ,поради спорот со Брисел во однос на обвинувањата дека Будимпешта не ги почитува основните демократски начела.
-
Свет 07.12.2022 17:07
Над 150 повредени во судир на возови во Шпанија
Над 150 лица повредени во судир на патнички возови во близина на Барселона. Несреќата се случила утринава пред 8 часот во регионот Каталонија во североисточна Шпанија.
Според локалните власти, возовите патувале во иста насока и се судриле додека едниот стоел на станицата.
-
Свет 07.12.2022 16:27
Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за вчерашните инциденти
Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за вчерашните инциденти во кои, според полицијата, маскирани лица ја демолирале канцеларијата на Централната изборна комисија.
-
Свет 07.12.2022 12:43
Обид за државен удар во Германија
Спречен обид за државен удар во Германија. Ултрадесничари и поранешни воени лица планирале упад во Бундестагот, уривање на владата и преземање на власта.
-
Свет 07.12.2022 12:00
Два воза се судрија кај Барселона
Над 150 лица повредени во судир на патнички возови во близина на Барселона.
Според локалните власти, возовите патувале во иста насока и се судриле додека едниот бил запрен на станицата.
Се утврдуваат причините за несреќата.










