Францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Шолц и италијанскиот премиер Драги со специјален воз отпатуваа во Киев на средба со Зеленски. Посетата е ден пред Европската комисија да даде мислење за кандидатскиот статус на Украина.
-
Свет 16.06.2022 09:53
-
Свет 15.06.2022 19:47
Израел и ЕУ потпишаа договор за извоз на природен гас
Израел и Европската унија потпишаа договор за извоз на природен гас во блокот.
Брисел се обиде да ја намали енергетската зависност од Русија поради војната во Украина и бараше енергетски договори со други земји, вклучително Израел и Египет.
-
Свет 15.06.2022 13:25
САД: Можен опасен топлотен бран на американскиот среден запад
Голем дел од американскиот среден запад и дел од југот се подготвуваат за потенцијално опасен и смртоносен топлотен бран, со температури кои би можеле да бидат рекордни.
-
Свет 15.06.2022 13:24
Дефект на компјутерска опрема го затвори швајцарскиот воздушен простор
Небото над Швајцарија беше затворено неколку часа поради техничка грешка кај службата за контрола на летови.
Многу авиони кои требаа да слетаат во Цирих или Женева изутрината беа пренасочувани во соседните земји што предизвика гужва на аеродромите.
-
Свет 15.06.2022 13:23
ЕУ со правни дејствија врз Британија во врска со Северна Ирска
Европската Унија треба да го објави одговорот за можните правни дејствија што би можеле да резултираат со казни кон Британија, откако официјален Лондон го објави планот за отфрлање некои трговски правила за Северна Ирска по Брегзит.
-
Свет 15.06.2022 10:53
Експерти: Војната во Украина не е само економска и политичка, туку етничка и религиозна
Научната фела бара начин за помирување и прекин на војната во Украина. Експертите сметаат дека во воениот конфликт меѓу Русија и Украина има повеќе религиски елементи.
-
Свет 15.06.2022 09:57
Зеленски: Трпиме загуби, потребно е противракетно оружје
Украинските сили трпат големи загуби во борбите против руските војници и во Северодоњецк и во регионот Харков, рече украинскиот претседател Зеленски. Истакна дека на Украина и е потребно модерно противракетно оружје.
-
Свет 15.06.2022 09:39
Мајмунски сипаници потврдени кај 1.600 лица
Светската здравствена организација има информации дека од почетокот на годинава, мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 лица. Постојат сомнежи за уште 1.500 случаи во 39 земји.
-
Свет 15.06.2022 09:33
Уапсен вториот осомничен за исчезнатиот британски репортер
Бразилската полиција соопшти дека уапсила втор осомничен за исчезнувањето во Амазон на британскиот новинар Дон Филипс и неговиот придружник Бруно Переира.
Полиција запленила и муниција, но не соопшти кого му припаѓа и каде е пронајдена.
-
Свет 14.06.2022 13:05
Украинскиот град Северодоњецк е целосно отсечен
Руските сили ја преземаат контролата врз Северодоњецк. Украинскиот претседател Зеленски ветува враќање на загубените територии, вклучувајќи го и анектираниот Крим. Според бриселски медиуми, Еврокомисијата ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ.









