Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое истекува на 22-ри април. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори се продуктивни.
-
Свет 16.04.2026 15:40
-
Свет 16.04.2026 14:04
Уапсен таткото на 14-годишниот ученик во Турција кој со огнено оружје уби деветмина, а рани 13 лица
Турција и натаму се справува со шокот по нападот во средно училиште на југот од земјата каде 14-годишен ученик уби девет лица, а рани уште 13. Меѓу загинатите има осум ученици и еден наставник, додека шестмина од повредените се во тешка состојба.
-
Свет 16.04.2026 12:11
Вашингтон најави економски притисок за Иран
Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое истекува на 22 Април. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори се продуктивни.
-
Свет 16.04.2026 11:12
Претставен дизајнот на триумфалната капија која Трамп сака да ја гради во Вашингтон
Претставен дизајнот на 76 метарската триумфална капија која претседателот Доналд Трамп сака да биде изградена на влезот во главниот град на САД. Предлогот оди на разгледување пред федералната агенција.
Структурата би го надминала и Споменикот на Линколн, кој е висок 30 метри.
-
Свет 16.04.2026 10:12
САД негира дека бараат продолжување на примирјето со Иран
Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое треба да истече следната недела. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори со Техеран се тековни и продуктивни.
-
Свет 16.04.2026 09:29
Жртви и повредени во напади во Киев и Одеса
Во сенка на војната на Блискиот Исток, продолжува војната во Украина. Жртви и повредени во напад со ракети и беспилотни летала во Киев и во Одеса. Москва нотира напади во руското црноморско пристаниште Туапсе. И двете страни објавија дека меѓу загинатите има и деца.
-
Свет 15.04.2026 20:52
Продолжуваат руските напади, Украина бара нова одбранбена помош
Руските напади засилуваат, додека Украина бара нова одбранбена помош. По договорот со Германија од 4 милијарди евра, Зеленски во Норвешка потпиша договор за воена соработка и производство на дронови.
-
Свет 15.04.2026 20:03
Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана
Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана, при што најмалку 11 лица се повредени, меѓу нив и пожарникари. Огнот зафатил дел од зградата и се проширил кон повисоките катови, отежнувајќи ја евакуацијата.
-
Свет 15.04.2026 16:05
Нов бран откажани летови на аеродромот во Франкфурт
По завршувањето на дводневниот штрајк на пилотите, нов бран откажани летови утринава на аеродромот во Франкфурт.
Синдикатот на кабински персонал најави нови штрајкови до крајот на неделата, кои ќе ги погодат летовите на Луфтханза од повеќе германски градови.
-
Свет 15.04.2026 15:34
Србија: Вонредна седница за недоверба на Владата
Во српскиот парламент вонредна седница за гласање недоверба на Владата. Иницијативата ја поднесоа 62 опозициски пратеници поради сомневања за вмешаност на дел од владата во случајот со Генералштабот, како и непостапување на премиерот.
Опозицијата бара политичка одговорност.










