САД од утре ги намалуваат летовите на 40 главни аеродроми поради блокадата на владата која трае повеќе од еден месец. Федералната администрација за воздухопловство ги наведува како причини недостигот и заморот на контролорите на летови, што предизвикува доцнења низ целата земја.
-
Свет 06.11.2025 10:20
-
Свет 06.11.2025 08:48
Вратено уште едно тело во Израел, недостиг на помош во Газа
Уште едно тело на заложник е вратено во Израел, во Газа сè уште има останки на шест заробеници-вели Тел Авив. Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа.
-
Свет 06.11.2025 08:17
Руските сили напаѓаат, Киев возвраќа
Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат.
-
Свет 05.11.2025 18:14
По пожарот во домот за стари лица, директорот утрово поднесе оставка
Страшна трагедија го погоди североисточниот босански град Тузла. Пожар избувна во дом за стари лица земајќи жртви и десетици повредени. По несреќата, директорот на домот Мирсад Бакаловиќ од морални причини си поднесе оставка.
-
Свет 05.11.2025 14:26
Мамдани: Соборивме политичка династија
Демократскиот социјалист Зохран Мамдани е избран за нов градоначалник на Њујорк. Тој ги освои гласовите со неговите планови за бесплатна грижа за децата, бесплатен автобуски превоз и замрзнување на кириите.
-
Свет 05.11.2025 13:42
Продолжува руската офанзива во Украина
Русија продолжува со офанзивата на истокот во Украина, со жестоки борби за Покровск, додека Киев тврди дека го одвраќа непријателот. Русите концентрираат трупи во Купјанск, а Зеленски го истакнува членството во ЕУ како клучна безбедносна гаранција за земјата.
-
Свет 05.11.2025 11:31
Зохран Мамдани избран за нов градоначалник на Њујорк
Демократскиот социјалист Зохран Мамдани е избран за нов градоначалник на Њујорк, победувајќи го независниот кандидат Ендру Куомо. Тој освои поддршка со планови за бесплатна грижа за деца, бесплатен автобуски превоз и замрзнување на кириите.
-
Свет 05.11.2025 11:01
Авионска несреќа во Кентаки со жртви и повредени
Карго авион на „УПС“ се урна при полетување од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и екипажот, а единаесет се повредени.
-
Свет 05.11.2025 10:11
Тајфунот „Калмаеги“ усмрти 66 лица и расели стотици илјади жители на Филипините
Над 60 лица загинаа во тајфунот „Калмаеги“ што предизвика големи поплави и уништувања на Филипините. Најмногу жртви има на островот Себу, а десетици лица сè уште се водат за исчезнати.
-
Свет 05.11.2025 10:00
Расте бројот на загинати во пожар во дом за стари лица во Тузла
Страшна трагедија го погоди североисточниот босански град Тузла. Пожар избувна во старски дом земајќи жртви и десетици повредени.










