Тајланд прогласи полициски час по најновата ескалација на судирите со Камбоџа. Мерката важи за граничната покраина Трат, откако борбите се проширија кон крајбрежјето, и покрај најавите за можен прекин на огнот.
-
Свет 14.12.2025 10:50
-
Свет 13.12.2025 18:27
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат и покрај изјавата на Трамп дека е договорен прекин на огнот.
Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет.
-
Свет 13.12.2025 16:18
Се подобрува ситуацијата по поплавите во сојузната држава Вашингтон
Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива.
-
Свет 13.12.2025 15:17
Смртоносни поплави во Газа, помошта блокирана
Дождот ги натопи шаторските кампови во Газа додека зимската бура се спушти на територијата, покажувајќи како двата месеци прекин на огнот не успеаја да се справат со растечката хуманитарна криза таму.
-
Свет 13.12.2025 12:54
Преговорите за крај на војната во Украина продолжуваат во Германија
Преговорите за крај на војната во Украина продолжуваат во Германија. Американскиот пратеник Виткоф викендов на средби со Зеленски и европските лидери во Берлин. Ја претставува најновата верзија на мировниот план на САД со цел постигнување договор до Божиќ.
-
Свет 13.12.2025 12:12
Голем пожар во погон за рециклирање на електронски отпад во Хрватска
Синоќа околу 23 часот избувна голем пожар во објект на компанијата „ЦИАК“ за складирање опасен отпад, во местото Губашево кај хрватскиот град Забок. Во гаснењето учествуваа над 60 пожарникари, а пожарот беше локализиран по полноќ.
-
Свет 13.12.2025 11:18
Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за пронаоѓање алтернативни начини за обезбедување 210 милијарди евра за финансиска поддршка на Украина, наместо користењето на замрзнатите руски средства, што го доведува во прашање усвојувањето на планот за т.н.
-
Свет 13.12.2025 10:09
Виткоф викендов во Берлин на разговори за мировниот план за Украина
Американскиот пратеник Витков викендов на средби со Зеленски и европските лидери во Берлин во продолжување на мировните разговори.
-
Свет 12.12.2025 20:04
Грчките земјоделци на протест во Солун
Земјоделците од северна Грција со трактори и автобуси на нов протест и симболична неколкучасовна блокада на пристаништето во Солун. Се очекува граничните премини кон Македонија да останат отворени, барем додека трае протестот на пристаништето.
-
Свет 12.12.2025 16:20
Големи поплави во северозападниот дел на САД, десетици илјади луѓе се евакуирани
Изобилните дождови предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на САД. Најпогодена е американската сојузна држава Вашингтон. Прогласена е вонредна состојба на ниво на целата држава. Наредена е евакуација на десетици илјади жители.










