• Свет 27.01.2020 10:15

    Кина: 80 мртви од Коронавирусот

    80 луѓе ја загубија битката со коронавирусот, а над 3000 се заразени. Повеќето од жртвите биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2 февруари.

  • Свет 24.01.2020 13:23

    Се проширува радиусот на карантин поради Корона

    Кина го проширува радиусот на областа која ја става во карантин во провинцијата Хубеј каде што се појави вирусот корона кој усмрти 26 луѓе. Најмалку 10 града во регионот на централиот дел на земјата воведоа забрана за патување. Досега се инфицирани 830 луѓе.

  • Свет 24.01.2020 12:39

    Трамп најавува план за Блискиот исток

    Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги покани израелскиот премиер и лидерот на опозицијата во Белата куќа во вторник каде што ќе биде претставенa долгоочекуваната визија за завршување на израелско-палестинскиот конфликт.

  • Свет 24.01.2020 11:33

    Договорот за Брегзит одобрен од Европскиот Парламент

    Со 23 гласаа „за“ и 3 „против“,  Комитетот за уставни работи на Европскиот парламент го одобри Договорот за Брегзит. На 29 јануари текстот со кој се уредува методот на кој  Обединетото Кралство ќе се раздели од Европската Унија ќе биде доставен до сите европратеници.

  • Свет 24.01.2020 10:39

    Средба Ердоган- Меркел во Истанбул

    Германската канцеларка Ангела Mеркел е во посета на Турција на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Безбедносните мерки се зголемени во Истанбул  каде што се закажани неколку состаноци.

  • Свет 24.01.2020 10:16

    СЗО: Премногу рано е да се прогласи епидемија на Коронавирусот

    Светската здравствена организација тврди дека е прерано да се прогласи епидемија на Коронавирусот на светско ниво. Уверуваат- ситуацијата се следи во секоја минута.

  • Свет 24.01.2020 09:57

    11 жртви во бурата „Глорија“

    Единаесет луѓе загинаа во бурата „Глорија“ во источна Шпанија, а спасувачките екипи трагаат по тројца исчезнати на Мајорка и Ибица.

    Невремето предизвика штета во вредност од милиони евра. Уништен е голем дел од инфраструктурата, земјоделските површини и станбени и деловни објекти.

  • Свет 23.01.2020 13:26

    САД: Демократите отфрлија замена на сведоци за судењето за импичмент на Трамп

    Американските демократи против замена на сведоци со републиканците во судењето за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

  • Свет 23.01.2020 13:05

    Австралија: Се урна авион за гаснење пожар во Нов Јужен Велс

    Авион за гаснење пожари се урна во планинска област во австралиската држава Нов Јужен Велс. Локалните власти тврдат дека ја загубиле врската со Ц-130 Херкулес. Во тек е истрага за причините за несреќата.

  • Свет 23.01.2020 12:09

    Можна глобална вонредна состојба поради Коронавирусот

    Кинескиот град Вухан во карантин поради вирусот Корона кој усмрти речиси 20 луѓе. Над 500 се заразени од заболувањето кое се шири и надвор од границите на најнаселената земја во светот. Покрај откажаните летови и возови, не функционира ни јавниот превоз во градот со 11 милиони жители.

Pages