Поројни дождови и снег на истокот на Шпанија. Бурата „Глорија“, која пристигна од Франција, донесе и ветришта од 100 километри на час кои предизвикаа бранови високи и над десет метри.
-
Свет 23.01.2020 11:43
-
Свет 22.01.2020 15:02
Екатерини Сакеларопулу избрана за претседател на Грција
Грчките пратеници ја изгласаа Екатерини Сакеларопулу за нова претседателка на државата. За неа гласаше 261 пратеник од вкупно 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.
Новата претседателка ја предложи актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис.
-
Свет 22.01.2020 12:56
Корона вирусот мутира
Светската здравствена организација на итен состанок за Корона вирусот. Почнал да мутира откако веќе беше утврдено оти се пренесува од човек на човек. Кинеската здравствена комисија соопшти дека се заразени 440 луѓе во 13 провинции, од кои што деветмина веќе починале.
-
Свет 22.01.2020 12:04
Усвоени правилата за судењето на Трамп
По 13 часовна дебата американскиот Сенат ги усвои правилата за водењето на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Со 53 гласа „за“ и 47 „против“ Сенатот го усвои планот за судењето кој им овозможува на сенаторите обвинители да го почнат случајот во текот на денот.
-
Свет 22.01.2020 10:31
Кина: Новиот Корона вирус мутира
Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции се заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус, од коишто деветмина починале. Вирусот почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат.
-
Свет 21.01.2020 13:29
Почна „климатскиот“ самит во Давос
Три илјади политички, економски и технолошки лидери од целиот свет на светскиот економски форим во Давос ќе дебатираат за економијата, технологијата, но во фокусот ќе го стават глобалното затоплување. Годинашниот собир го доби неформалното име „Климатски Давос“.
-
Свет 21.01.2020 12:38
Велика Британија: Построги казни за терористите
Велика Британија ќе воведе построги пресуди за терористите и нема предвреме да ослободува лица осудени за тероризам, соопшти британската влада.
-
Свет 21.01.2020 11:13
СЗО свика итен состанок поради новиот вирус
Светската здравствена организација ќе одржи вонреден состанок на експертска комисија за да утврди дали новиот вирус што ја зафаќа Кина треба да биде прогласен за глобална закана, откако кинеските здравствени власти потврдија дека смртоносниот патоген е заразен и дека се пренесува од човек на чове
-
Свет 21.01.2020 10:32
ЕУ го зголемува притисокот врз Кина
Дваесет и шестата рунда трговски преговори помеѓу Кина и ЕУ завршува денеска, без значаен напредок. Според еврокомесарот за трогвија, Кина треба да вложи поголем напор.
-
Свет 21.01.2020 10:01
Три ракети истрелани врз зелената зона во Багдад
Три ракети паднаа во зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција. Ракетите биле лансирани од предградието Зафаранија. Во зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите ракети паднале во близина на амбасадата на САД.






