Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади врз војската на Сирија чијашто влада ја обвинува за хемиски напади врз цивилното население. Наскоро ќе биде објавена конечната одлука за кооридиниран напад во соработка со САД и со Франција.
-
Свет 12.04.2018 12:51
-
Свет 12.04.2018 12:39
Седум лица загинаа во експлозија во Северна Кина
Седум лица загинаа, а 13 се повредени во северниот дел на Кина, при експлозија на камион со пет тони динамит. Инцидентот се случил нешто по полноќ во провинцијата Шанси.
-
Свет 12.04.2018 11:43
Алжир: Тридневна жалост за жртвите во авионската несреќа
Во Алжир тридневна жалост за жртвите од уривањето на воениот авион. Од Министерството за одбрана ја потврдија смртта на најмалку 257 лица но се стравува дека бројот може да расте, бидејќи дел од преживеаните патници имале тешки изгореници.
-
Свет 12.04.2018 10:32
Затегната ситуација на Блискиот Исток
Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади врз војската на Сирија чијашто влада ја обвинува за хемиски напади врз цивилното население. Иако законот не ја обврзува премиерката Тереза Меј да ја стави воената акција на гласање пред Парламентот, таа очекува поддршка од пратениците.
-
Свет 11.04.2018 15:28
Трамп: Русија да се подготви за ракети
Американскиот претседател Трамп на „Твитер“ ѝ порача на Русија да се подготви за нови, убави и паметни ракети во Сирија. Понатаму напиша дека односот меѓу Америка и Русија е полош од кога и да било, дури и во споредба со времето на Студената војна.
-
Свет 11.04.2018 12:48
Закерберг: „Фејсбук“ е во вооружена трка против групи спонзорирани од Русија
„Фејсбук“ е во вооружена трка против групи спонзорирани од Русија, изјави основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.
-
Свет 11.04.2018 12:38
Засипкин: Да се собори секоја американска ракета
Рускиот амбасадор во Либан, Александер Засипкин, изјави дека секоја американска ракета што ќе биде упатена кон Сирија би требало да биде соборена, а местата од каде ќе бидат лансирани треба да се нападат.
-
Свет 11.04.2018 12:13
Жртви при пад на хеликоптер на далечниот исток на Русија
Шест лица загинаа при пад на руски хелкипотер во реонот на градот Хабаровск на далечниот исток на Русија.
Сите загинати биле членови на екипажот на леталото во сопственост на авиокомпанијата „Восток“ кој бил на проебн лет.
-
Свет 11.04.2018 11:50
Стотици мртви при уривање на воен авион во Алжир
Околу 200 војници загинаа во Алжир при уривање на воен транспортен авион од типот ИЛ-76. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир.
-
Свет 11.04.2018 10:42
Одбиени резолуциите од САД и од Русија за Сирија
Советот за безбедност на ОН трипати не успеа да усвои резолуција за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија. САД и сојузниците размислуваат за преземање воени акции. Шефот на Белата куќа Доналд Трамп ги откажа посетите во Перу и Колумбија за да го контролира одговорот за Сирија.







