„Фејсбук“ негира вина во злоупотребата на корисничките податоци што незаконски ги презела компанијата „Кембриџ Аналитика“. Во 2014 година, преку квиз за откривање на типот на личноста, незаконски биле собрани информации од речиси 50 милиони луѓе, со кои биле генерирани психолошки профили.
-
Свет 21.03.2018 13:21
-
Свет 21.03.2018 13:02
Се самоуби осомничениот за нападите во Тексас
Човекот осомничен за серијата бомбашки напади во Тексас се разнел активирајќи екплозивна направа во својот автомобил, соопшти полицијата во Остин. Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет- бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.
-
Свет 21.03.2018 12:23
Можна трилатерална средба меѓу Северна и Јужна Кореја и САД
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин изјави дека е можна тристрана средба на врвот со Северна Кореја и со САД.
-
Свет 21.03.2018 11:39
Телефонски разговор Трамп- Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот колега Владимир Путин, но Белата куќа без дополнителни детали за што конкретно станало збор.
Кремљ посочи дека Трамп му ја честитал победата на Путин на претседателските избори што се одржаа пред два дена.
-
Свет 21.03.2018 10:35
Социјалната мрежа Фејсбук осомничена за учество во кражба на 50 милиони профили
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг сѐ уште без коментар за скандалот со кражбата на 50 милиони профили од фирмата „Кембриџ Аналитика“ која во 2016-та работела во полза на кампањата на претседателот Доналд Трамп.
-
Свет 20.03.2018 15:26
САД: Нов напад во училиште во Мериленд
Вооружен напад е пријавен во средното училиште „Грејт Милс“ во Мериленд, во округот Сент Мери.
Сѐ уште нема информации кој го извршил нападот, ниту пак дали има жртви. Училиштето е под клуч и во моментов се одвива истрага.
-
Свет 20.03.2018 14:19
„Фејсбук“ и „Кембриџ Аналитика“ во центарот на скандал
Техничкиот гигант „Фејсбук“ и фирмата за анализа на податоци „Кембриџ Аналитика“ се во центарот на скандал околу собирањето и користењето на лични податоци на клиенти.
-
Свет 20.03.2018 13:23
Саркози на распит, се сомничи за финансиски малверзации во изборната 2007-ма
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози приведен на распит поради сомнеж за финансиски малверзации поврзани со неговата изборна кампања.
-
Свет 20.03.2018 13:15
Националистичка реторика и закани кон Тајван во годишното обраќање на кинескиот претседател Џинпинг
„Колективната надеж на кинескиот народ е постигнување целосна обединетост, а секој обид да се направи поделба е осуден на пропаст“, порача лидерот на Кина во своето обраќање пред парламентот.
-
Свет 20.03.2018 11:00
Франција: Приведен Никола Саркози
Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.










