• Свет 23.03.2018 12:52

    ЕУ: Москва е виновна, нема друго објаснување

    На дводневниот пролетен самит во Брисел, лидерите на ЕУ се согласија со Велика Британија дека Русија е најверојатно одговорна за нападот врз поранешниот  шпион, Сергеј Скрипал во Салзбери. Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск рече дека не постои друго веродостојно објаснување.

  • Свет 23.03.2018 11:49

    Каталонија: Пратениците не избраа претседател на Владата

    Каталонскиот заговорник за независност Жорди Турул  не беше избран за претседател на владата на Каталонија. Ако и во вториот круг в сабота не добие поддршка, ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина. За негово именување се потребни 68 гласа од вкупно 135.

  • Свет 23.03.2018 11:10

    САД: Џон Болтон е нов советник за национална безбедност

    Поранешниот американски амбасадор во Обединетите нации, Џон Болтон е нов советник за национална безбедност на САД. Одлуката за наследникот на Херберт Мекмастер ја објави претседателот Трамп на Твитер.

  • Свет 23.03.2018 10:46

    Усогласена европската позиција за Русија

    Лидерите на земјите- членки на ЕУ го усогласија ставот околу нападот врз рускиот шпион Скрипал којшто, според Велика Британија, а сега и според Брисел, е дело на официјална Москва. 

  • Свет 22.03.2018 16:36

    Франција парализирана од штрајкови, синдикатите се противат на реформите

    За денес, ширум Франција се закажани околу 180 демонстрации на повик на синдикатите, но и на политичките партии од левицата, кои се обидуваат да го присвојат незадоволството од политиката на претседателот Макрон.

  • Свет 22.03.2018 13:00

    Закерберг призна дека „Фејсбук“ згрешил

    Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг призна дека „Фејсбук направил грешки“ во случајот со аферата со „Кембриџ Аналитика“. Потврди дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата „Кембриџ Аналитика“ и „Фејсбук“.

  • Свет 22.03.2018 11:34

    Меј ќе бара поддршка од лидерите во ЕУ

    Британската премиерка Тереза Меј ќе бара од другите лидери во ЕУ да го поддржат Лондон во осудата на Русија за наводното труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен агенс.

  • Свет 22.03.2018 11:21

    Покренато обвинение против Саркози

    Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет во рамки на истрага за либиско финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007-ма година, објавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори.

  • Свет 22.03.2018 10:33

    Закерберг призна дека „Фејсбук“ згрешил

    Основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг призна дека „Фејсбук“ направил грешки во случајот на аферата со „Кембриџ Аналитика“. Тој потврди дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата „Кембриџ Аналитика“ и „Фејсбук“.

  • Свет 21.03.2018 16:35

    Косово: Солзавец во Собранието, седницата прекината

    Собранието на Косово на двапати ја прекина седницата поради фрлање солзавец од страна на пратеници на „Самоопределување“ со цел да не се ратификува спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Pages