Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев наредил да бидат затворени четири џамии, за кои се претпоставува дека проповедаат радикална идеологија.
-
Свет 03.11.2016 10:43
-
Свет 03.11.2016 10:37
Судир на два воза во Карачи, најмалку 17 жртви
Два воза се судрија во пакистанскиот град Карачи, при што загинаа најмалку 17 лица, соопштија здравствените власти.
50 лица се пренесени во болница, изјави Семин Џамали, началник на ургентниот оддел во локална болница.
-
Свет 02.11.2016 14:58
Швајцарија: Четири лица уапсени во рација во џамија
Четири лица осомничени дека поттикнувале насилство биле уапсени за време на рација спроведена во три стана и една џамија во град во северна Швајцарија.
-
Свет 02.11.2016 14:14
Франција: Четворица уапсени во немирите во Шамбери
Четири лица биле уапсени минатата ноќ во местото Шамбери во француските Алпи, по уличното насилство во кое учествувале 30-ина луѓе на возраст од 15 до 20 години.
-
Свет 02.11.2016 12:34
ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон
Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години кои содржат документи за одамна затворена истрага околу тоа како бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година.
-
Свет 02.11.2016 12:30
Откриено ново оружје во Белград, поврзано со оружјето во Јајинци
Според српската полиција, синоќа во гаража во Нов Белград откриен е украден автомобил, во кој имало автомат „хеклер“, 400 грама експлозив, детонатор, два мобилни телефона за далечинско активирање на експлозивот, како и пиштол и муниција.
-
Свет 02.11.2016 12:12
Асад очекува да остане на власт до 2021 година
Сирискиот претседател Башар Ал Асад оценил дека ќе биде на власт во Сирија барем до 2021 година, и покрај граѓанската војна во земјата.
-
Свет 02.11.2016 11:52
Повеќе од 1.100 повторни потреси во Италија
Над 1.100 повторни потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година.
Големи штети има во регионот на Кастеланџело Сул Нера, каде што е речиси се разурнато.
-
Свет 02.11.2016 11:05
Предвремено гласање во САД: Клинтон и Трамп речиси изедначени
Над 23 милиони Американци веќе гласале на предвременото гласање во 37 држави. Една четвртина од пријавените гласачи веќе гласале во Флорида, Колорадо и Невада, а во Тексас бројот на заинтересирани за предвреме гласање е зголемен во однос на последните избори.
-
Свет 02.11.2016 10:21
Средба Ципрас - Лавров во Атина
Билатералните односи во сферата на политичката соработка, економијата, енергетиката и инвестициите, проблемот со Кипар и случувањата на Блискиот Исток ќе бидат денеска во фокусот на разговорите на рускиот министер за надворешни работи во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.










