Нов земјотрес од 6,3 Рихтери го погоди јужниот остров на Нов Зеланд само неколку часа по првиот потрес во кој загинаа две лица. Цивилната заштита издаде предупредување за цунами откако двометарски бранови го прекрија источното крајбрежје по земјотресот од 7,5 степени според Рихтер.
-
Свет 14.11.2016 10:06
-
Свет 14.11.2016 08:31
Румен Радев нов претседател на Бугарија, Борисов најави оставка
Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев освои 59,35 проценти од гласовите на вчерашните претседателски избори, соопшти утрово бугарската Централна изборна комисија врз основа на 99,33 отсто преброени гласачки ливчиња.
-
Свет 11.11.2016 15:56
Продолжуваат протестите против Трамп
Вториот ден од протестите против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп мина со помал одзив на незадоволни граѓани, но инцидентите беа неизбежни. Полицијата во Портланд мораше да интервенира за да ја растера групата што кршеше излози со палки и камења. Уапсени се неколку лица.
-
Свет 11.11.2016 15:04
Грчките власти предупредуваат за нов терористички напад
Властите во Грција предупредија за нов терористички напад, откако две лица фрлија рачна граната врз француската амбасада во Атина.
Инцидентот се случи неколку денови пред посетата на американскиот претседател во заминување Барак Обама закажана за 15 ноември.
-
Свет 11.11.2016 13:15
Продолжуваат протестите против Трамп
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги почна разговорите во Белата куќа за преземање на власта од сегашната администрација.
-
Свет 11.11.2016 10:45
Четири жртви во напад врз германската амбасада во Авганистан
Четворица Авганистанци загинаа во самоубиствен-бомбашки врз германскиот конзулат во Мазар е Шариф. Талибанец влетал со камион полн со експлозив во комплексот при што се ранети и над 100 луѓе.
-
Свет 11.11.2016 10:27
Средба Трамп- Обама: Договорена транзицијата на власта
Трамп и Обама ја договорија за транцизијата на власта. На средбата во Белата куќа, Трамп и Обама разговарале за домашната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави. Мишел Обама ја запознала Меланија Трамп со Белата куќа што наскоро ќе стане дом на семејството Трамп.
-
Свет 10.11.2016 14:52
Шпанија: Упасени 56 лица осомничени за педофилија
Шпанската полиција уапсила 56 лица осомничени за детска порнографија преку интернет. Повеќе од 150 полицајци и 46 истражни судии учествувале во операцијата која била спроведена во 28 шпански провинции.
-
Свет 10.11.2016 12:55
Протести низ САД по победата на Трамп
Илјадници демонстранти незадоволни од победата на Доналд Трамп одржаа протести во САД. Реториката за време на кампањата во однос на мигрантите, малцинствата, жените, хомосексуалците и други категории граѓани се главна причина за страв и револт кај населението.
-
Свет 10.11.2016 12:20
Избран нов претседател на Интерпол
Висок кинески владин претставник е избран за претседател на Интерпол. Новиот раководител на Интерпол е досегашниот кинески заменик министер за јавна безбедност, Менг Хонгвеј.










