Полубратот на севернокорјскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија. Според кинеските медиуми, две жени го отруле со убод од игла на аеродромот во Куала Лумпур.
Властите се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Осомничените се во бегство.
Полубратот на севернокорјскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија. Според кинеските медиуми, две жени го отруле со убод од игла на аеродромот во Куала Лумпур.
Властите се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Осомничените се во бегство.
Припадници на американските имиграциски власти уапсија над 680 лица. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека 75 од нив се осудени за криминал, вклучувајќи убиства, па се до возење под дејство на алкохол.
Останува во сила наредбата за евакуација на 200.000 лица во градот Оровил поради напукнувањето на највисоката брана во САД. Преместени се и околу 500 затвореници од затворот во округот Бут во соседниот округ Аламида.
Турската полиција го уапси лицето А.С. за кое постои сомневање дека планирало напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“, кога терористот Абдулгадир Машарипов уби 39 лица и рани 69.
Грчките земјоделци ќе одржат протест во Атина против најавените владини реформи. Фармерите веќе три недели ги блокираат патиштата низ земјата.
Соединетите Американски Држави и Канада се согласуваат дека борбата против тероризмот е неопходна за безбедноста во двете соседни држави, но не се согласуваат за имиграцијата.
Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турција тежнее да формира „безбедна зона“ во Сирија, по воената операција во градовите Рака и Манбиј.
Скоро 200 илјади луѓе во градот Оровил се евакуирани поради опасност од пукање на најголемата брана во САД како резултат од поројните дождови. Ова е прв пат во 50 години грамадната структура да биде ослабната до степен на критична состојба.
Најмалку четири лица загинале во голема снежна лавина на француските Алпи. Спасувачките служби испратиле хеликоптер за да извлечат уште неколку скијачи за кои се претпоставува дека се заробени на височина од околу 2.000 метри.
Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои ги држат бунтовниците.
Неименувано официјално лице изјавило дека понудата била дадена во очи дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана.