Најмалку две лица загинале, а осум се повредени во синоќешното пукање во центарот на Москва, близу до Кремљ, пренесуваат руските медиуми.
-
Свет 15.12.2015 12:53
-
Свет 15.12.2015 12:13
Формирана воена коалиција од 34 држави против Исламска држава
Властите на Саудиска Арабија соопштија дека е формирана воена коалиција од вкупно 34 држави за борба против Исламска држава.
-
Свет 15.12.2015 11:57
ЕУ: Денеска одлука за заштита на надворешните граници
Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска би требало да донесат одлука за заштита на надворешните, а делумно и на Шенгенските граници на Европската унија, со поставување неколку илјади припадници на европската гранична стража која би може да делува независно од властите на државите чле
-
Свет 15.12.2015 11:23
Кери во Москва на средби со Путин и со Лавров
Американскиот државен секретар, Џон Кери, допатува во Москва каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со колегата Сергеј Лавров и ќе разговараат за сириската криза и за состојбата во Украина.
-
Свет 14.12.2015 13:53
Чомски: ИД не може да биде поразена со воена сила
Познатиот американски теоретичар Наом Чомски тврди дека со интензивирањето на воздушните напади на терористичките организации, Западот ја зголемува можноста за големи терористички напади како оној во Париз. Исламска држава не може да се порази со воена сила, смета Наом Чомски.
-
Свет 14.12.2015 13:10
Троен самит за мигрантите во февруари 2016-та
Грција ќе иницира трилатерален самит со учество на грчкиот премиер Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, посветен на бегалската криза, најави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
-
Свет 14.12.2015 13:06
Курц: Да се воведе горна граница за мигрантите
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска изјави дека треба да се воведе горна граница за бројот на лица кои ќе добијат азил, додавајќи дека го поддржува подигнувањето ограда на надворешната граница на ЕУ.
-
Свет 14.12.2015 13:00
Нов напад на исламист во Париз
Непознат маж изутрината со нож неколкупати избодел наставник во претшколска установа во предградие на Париз, притоа извикувајќи пароли на Исламска држава. Нападот се случил во предградие на Обервил, додека наставникот бил сам во училницата.
-
Свет 14.12.2015 12:03
Бугарија: Притворени 33 цариници во истрага против шверц
Бугарските власти притвориле 33 цариници и го затвориле граничниот премин „Капетан Андрејево“ во рамки на истрага против шверц. Овој премин важи за најголемиот и најметежен граничен премин на Балканот и влезна точка меѓу Европа и Блискиот Исток.
-
Свет 14.12.2015 11:52
Русија ќе врши набљудувачки летови над Турција
Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над територијата на Tурција во рамки на договорот за отворено небо.
Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Eрзурум со максимален дострел од 1.500 километри.










